Едно лице е загинато, а три се повредени во престрелка која се случила во близина на две гласачки места во Азуса, Калифорнија, јавува „Си Ен Ен“.
Гласачи кои се наоѓале во гласачкото место за „Си Ен ЕН“ раскажуваат дека слушнале гласно пукање и потоа полицијата им забранила да излегуваат надвор.
Како што раскажуваат сведоците на гласачкото место имало околу 30 лица а десетина деца биле евакуирани од спортската сала каде што се наоѓало гласачкото место.
На оние што се во избирачкото место, полицијата им дозволила да гласаат додека чекаат.