Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едукација и активизам: Правната клиника, студентите и нивната поддршка за бегалците и мигрантите

0
By Marija Todorovska on December 31, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Она на кое што особено се гордееме е фактот дека Центарот, како и правната клиника се отворени за бегалци и мигранти од целиот свет. При пријавувањата за меѓународната летна школа, сведочиме голем интерес на бегалци, мигранти и лица без државјанство кои што сакаат да се приклучат и подобро да ја разберат проблематиката на ситуацијата во која се наоѓаат, но исто така и да ја споделат својата приказна.

Марија Тодоровска 

Правната клиника за право на бегалци беше воспоставена во 2018 година како резултат на стратешкото партнерство меѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Мисијата на УНХЦР во Скопје. Клиниката започна со работа преку воведувањето на нов изборен предмет во рамките на вториот циклус на студии по Меѓународно право и право на Европската унија, и истовремено стана дел од глобалната листа на изборни предмети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Новата предметна програма, насловена „Бегалци, мигранти, лица без државјанство и криза на човековите права“, беше основа за понатамошниот развој.

Во 2019 година беше формиран и Центарот за право на бегалци и миграции, кој денес функционира како внатрешна организациона единица на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Центарот има за цел спроведување на правна клиничка едукација и други образовни активности. Правната клиника е отворена за студентите од сите три циклуси на студии од државните и приватни факултети, и се одржува во текот на зимскиот и летниот семестар. Покрај клиниката, во рамките на Центарот се реализираат и други активности, како што е Меѓународната Летна Школа за бегалци и миграции.

Центарот за право на бегалци и миграции е составен од професорите д-р Елена Михајлова Стратилати, раководител на проектот и ментор на Правната клиника, д-р Сашо Георгиевски, научен координатор и ментор на клиниката, д-р Ирена Рајчиновска Пандева, ментор на клиниката и Зорана Антовска, програмски асистент.

Во ова интервју мој соговорник е Зорана Антовска, а темата: Активностите на студентите во рамките на Правната клиника.

Нова: Каква е улогата на студентите во работата на клиниката?

Антовска: Студентите освен што ги посетуваат предавањата како примарна едукација на Клиниката, тие исто така воспоставуваат контакт со различни државни и не државни актери кои се дел од целиот процес. Преку различните непосредни средби и запознавањето на нивната работа, студентите имаат можност да се стекнат и со практично искуство. Центарот освен со УНХЦР, има воспоставено соработка и со Македонското Здружение на Млади Правници, Секторот за Азил, Министерството за труд и социјална политика, огромен број на меѓународни предавачи, како и со различни практичари и адвокати кој имаат долгогодишно искуство во оваа област. Студентите имаат можност не само да ги слушаат нивните искуства и предавања, туку и во одредени ситуации да се вклучат во нивната работа.

Центарот во соработка со мисијата на УНХЦР веќе пет години ја организира и Меѓународната летна школа. На отворениот повик за летната школа аплицираат повеќе од 200 студенти од различни делови на светот, каде можност да присуствуваат најчесто добиваат 50 студенти од повеќе од 50 држави. Оваа пет дневна Летна школа е дизајнирана да им помогне на учесниците да стекнат основни и посредни знаења за меѓународното право за бегалци и заштитата на лицата без државјанство и да ја поттикне посветеноста на публиката да се залага за правата на бегалците и другите лица на кои им е потребна заштита ширум светот.Нова: Какви видови правни услуги нуди Правната клиника за граѓаните и како тие се достапни?

Антовска: Правната клиника не нуди правни услуги за граѓаните, но таа е насочена кон едукација на студентите кои понатаму би работеле во различни институции на теми поврзани со бегалско и миграциско право. Меѓутоа, поради соработката со различните актери кои работат на оваа тема во нашата држава, тие имаат можност да слушнат какви случаи најчесто се јавуваат, кое и какво е нивното влијание и како да се разрешуваат истите.  Предавањата ги опфаќа случаите на без државјанство, бегалци, миграции и внатрешно раселени лица.

Но она на кое што особено се гордееме е фактот дека Центарот, како и правната клиника се отворени за бегалци и мигранти од целиот свет. При пријавувањата за меѓународната летна школа, сведочиме голем интерес на бегалци, мигранти и лица без државјанство кои што сакаат да се приклучат и подобро да ја разберат проблематиката на ситуацијата во која се наоѓаат, но исто така и да ја споделат својата приказна.

Нова: Како правата на бегалците и мигрантите се интегрираат во наставната програма на Правната клиника и кои се најважните аспекти што студентите ги учат?

Антовска: Правната клиника за бегалци и миграции, не само што може да биде избрана како изборен предмет при програмата за меѓународно право, на неа може да се пријави секој оној студент кој што сака да го надогради своето знаење на оваа тема. За успехот на клиниката најдобро зборува фактот што освен студентите по право, се приклучуваат студенти од политички науки, студенти по психологија и филозофија, односи со јавност и новинарство, студенти по социјална работа, како и студенти од многу други факултети.

Најважните аспекти што се опфатени со нашите предавања претставуваат мандатот и работата на УНХЦР, разликите меѓу лицата бегалци и феноменот на без државјанство,  поставеноста на меѓународен режим на правото на бегалци, бегалските и миграциските кризи ширум светот, како и постапка за азил во РСМ и интеграција на бегалците.

Нова: Дали студентите во Правната клиника имаат можност да работат на случаи што се однесуваат на бегалци, мигранти или лица без државјанство?

Антовска: Иако тие директно немаат можност да работат на случаи со бегалците или лицата без државјанство, преку голем број партнери и можностите за пракса, нашите студенти имаат можност да учествуваат и да бидат дел од нивната работа.

Нашата работа се темели на посветеноста за едукација на идните професионалци, овозможувајќи им практично знаење и искуство во областа на бегалското и миграциското право. Преку континуирана соработка со меѓународни и домашни институции, создаваме средина каде што студентите можат активно да придонесуваат за заштита на човековите права. Визијата на Правната клиника е да инспирира генерации кои ќе ги промовираат човековите права, правдата, како и интеграција на ранливите групи во општеството.

Сторијата е изработена во рамките на менторската програма за млади новинари на Младинскиот Образовен Форум во партнерство со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, како дел од проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за луѓето за кои УНХЦР се залага” поддржан од УНХЦР.

бегалци Мигранти Правен факултет Јустинијан Први Правна клиника студенти УКИМ УНХЦР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.