Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ефектот Орландо: Опасен потсетник за македонската хомофобија

1
By Нова ТВ on June 13, 2016 ПОЛИТИКА
Фото: Гардијан
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 13, 2016 16:55

Од згрозеност и неверување до ликување. Вакви се реакциите на јавноста во Македонија на вчерашниот напад врз геј клубот во Орландо, Флорида во кој беа убиени 50 луѓе, додека 53 се сериозно ранети.

„Треба и кај нас да го направат истото“. „Браво 50 педери помалку“. „Господ почна со чистењето на ѓубрето“.

Ова се дел од коментарите кои може да се забележат на социјалните мрежи по терористичкиот напад кој вчера се случи во САД врз полниот ЛГБТ клуб „Пулс“ кој се наоѓа во Орландо, Флорида, во кој загинаа 50 лица и уште толку беа тешко повредени.

Ефектот Орландо: опасен потсетник за македонската хомофобија

Веднаш по вестите за најголемото масовно вооружено убиство во историјата на САД,  голем дел од граѓаните во Македонија на Фејсбук и Твитер изразуваа шок и неверување за ужасниот терор, но она што загрижува се и бројните коментари во кои се ликува за истиот.

Ефектот Орландо: опасен потсетник за македонската хомофобија

Ефектот Орландо: опасен потсетник за македонската хомофобија

Во принтскриновите во прилог, може да се погледне хомофобијата и омразата која дел од граѓаните ја постираат јавно на социјалните медиуми.

Ефектот Орландо: опасен потсетник за македонската хомофобија

Ефектот Орландо: опасен потсетник за македонската хомофобија

Билјана Гинова од ЛГБТИ Центарот за поддршка вели дека нападот во Орландо е голема трагедија и огромен шок и за ЛГБТИ заедницата во Македонија. Тој според неа е доказ дека хомофобијата која се гради е креирана во подолг историски период и е системски потхранета и одржувана хомофобија.

„И сега овој настан во Орландо предизвика доста говор на омраза и кај нас. И повици за исто насилство врз ЛГБТИ луѓето и кај нас. Иако има историска основа од каде потекнува  хомофобијата, разликата меѓу нашето општество и тоа општество е тоа што кај нас нападите на ЛГБТИ луѓето не се решавааат. Не излезе нашиот претседател да ги осуди како Обама кој вчера кажа дека стои рамо до рамо со ЛГБТИ луѓето и затоа кај нас граѓаните многу повеќе се охрабруваат на говор на омраза но и на злосторства од омраза“, вели Гинова.

Борјана Мојсовска од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, вели дека неказнивоста и комплетниот системски молк за шесте напади врз ЛГБТИ центарот за поддршка од 2013 година до сега, под изговор дека „истрагата е во тек“, за жал се толкува како одобрување и поддршка за говорот на омраза кој континуирано е присутен по социјалните мрежи, но и за злосторствата од омраза.

„Незаинтересираноста на државата за расчистување на нападите врз ЛГБТИ заедницата дополнително ги охрабрува сеачите на омраза и потенцијалните напаѓачи да прават што сакаат бидејќи гледаат дека таквото однесување не наидува на осуда од органите на власта“, вели Мојсовска за НОВА.

Од Владата досега осуда за настанот пристигна единствено од министерот за надворешни работи, Никола Попоски кој на Твитер изрази сочуство до фамилиите со зборовите „Длабоко загрижен од нападот во Орландо и изгубените животи“.

Ваквиот твит наиде на неодобрување од локалната Твитер заедница која го праша Попоски каде била неговата загриженост кога се случиле нападите врз ЛГБТИ заедницата во Македонија, на што засега нема одговор од Попоски.

Deeply concerned by #OrlandoShooting and so many lost lives.
Condolences to families!@POTUS@JohnKerry@AmbBaily

— Nikola Poposki (@NikolaPoposki) June 13, 2016

Осуда за масакрот во Орландо и писма со сочувства до американската амбасада изразија и претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.

ЛГБТИ организации: Хомофобијата е исход на системското насилство

Двете организации – Коалицијата (КСЗПМЗ) и ЛГБТИ Центарот за поддршка денеска изразија жалење и сочувство за терористичкиот напад во Америка. Тие нагласија дека трагедијата што го шокираше светот мора да биде именувана со вистинските зборови и разбрана во нејзината комплексност и историја.

„Станува збор за напад кој е одраз на историски и глобално креираната и одржувана хомофобија. Слика на долготрајните процеси на дехуманизација што го прават можен лудачкиот чин на ладнокрвно убивање на 50 луѓе, и пукање во уште толку други. Исход не само на радикалната страна на религиозното и фундаменталистичкото насилство, туку и на државното и системско насилство со кое се соочуваат нехетеросексуалците во Америка и речиси секаде во светот. Ова е првенствено хомофобичен напад. И не смееме да заборавиме, хомофобијата не е ментална болест, хомофобијата е исход на историјата на општествено, политичко и културно насилство на цел еден систем, кое слободно можеме да го наречеме хетерофашизам“, се вели во реакцијата на организациите.

Напаѓачот од Флорида – хомофоб и насилник

Омар Матеен, Американец од авганистанско потекло, идентификуван е како убиецот кој направи масакр во геј клубот Пулс во Орландо на Флорида.

Ефектот Орландо: опасен потсетник за македонската хомофобија

Таткото на напаѓачот рекол дека нападот нема врска со религија, туку дека неговиот син се налутил затоа што видел како двајца мажи се бакнуваат во градот.

„Се извинуваме на сите поради ова што се случи. Не бевме свесни за фактот дека нашиот син би можел да направи вакво нешто. Во шок сме и ние, како и целата држава“, рече за НБС Мир Седик, татко на напаѓачот.

Неговата поранешна сопруга за медиумите откри дека тој ја тепал без причина и бил насилен.

Сепак, од ФБИ објавија дека имаат траги кои упатуваат на тоа дека напаѓачот бил наклонет кон одредена идеологија – исламски екстремизам. Веднаш по нападот ИСИС соопшти дека напаѓачот бил нивен член.

Објавени дел од идентитетите на жртвите на Орландо

Идентитетите на луѓето кои загинаа во масакрот веќе почнаа да излегуваат во јавноста. Стотици семејства и пријатели се собраа во хотелите и болниците во центарот на Орландо, Флорида, за да дознаат дали нивните блиски се дел од оние кои се преживеани или пак мртви, пишува Гардијан.

Дел од жртвите се млади мажи и жени кои само што се преселиле на Флорида за да работат на своите кариери и да се етаблираат во градот кој е познат по меѓународните патувања и популарна дестинација за одмор.

Гардијан објави дел од нив:

Едвард Сотомајор

едвард

34-годишниот Сотомајор работел како бренд менаџер во туристичка компанија фокусирана на организирање одмори и патувања за геј мажи.

Ал Фергусон, сопственик на компанијата изјавил за Гардијан дека иако Сотомајор бил свесен за опасностите кои ги носи ваквата работа поради хомофобијата, сепак тој повторувал постојано дека „не смеат да се плашат“. „Знам дека и неговите пријатели сега ќе бидат исти како него, нема да се плашиме“, додава Фергусон.

Хуан Рамон Гереро

Ефектот Орландо: опасен потсетник за македонската хомофобија

Гереро имал 22 години и само што и кажал на својата фамилија дека е геј, раскажал неговиот братучед за Асошиејтед прес.

„Никогаш не беше личност која сака многу да излегува, повеќе сакаше да остане дома и да се грижи за неговите внуци“, вели неговиот братучед Роберт Гереро.

Тој беше прекрасна личност, ми беше како поголем брат“, додава тој.

Еди Џастис

Ефектот Орландо: опасен потсетник за македонската хомофобија

Еди Џастис имал 30 години и бил сметководител. Во текот на нападот тој и праќал смс пораки на својата мајка и бил скриен во тоалетот на клубот, објави Вашингтон пост.

Последната порака која и ја пратил е дека ја сака и мисли дека ќе умре.

Аманда Алвеар

Ефектот Орландо: опасен потсетник за македонската хомофобија

Аманда Алвеар, 25 од Давенпорт, Флорида била студент по медицина на Универзитетот во Јужна Флорида, која постирала видео на Снепчат со нејзините пријатели од клубот, кое прекинува со звуците од огнено оружје, кога почнува нападот.

Нејзиниот брат за еден од локалните весници изјавил дека верува дека Аманда била една од заложниците на напаѓачот. „Многу од заложниците биле во тоалетот, последно што чув е дека и таа била една од нив“, додал тој.

Луис С Виелма

luis

Виелма живеел во Санфорд, Флорида. Работел во забавниот парк на Universal во Орландо кај возењата посветени на Хари Потер.

Според еден негов пријател тој бил добар пријател на кој можел да се јави во секое време. „Секогаш беше пријатен, отворен и достапен“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.