Три лица загинаа, а 60 други беа повредени во судирите кои настанаа во протестите во Египет денеска, објави египетската државна телевизија, повикувајќи се на Министерството за здравство.
Детали за тоа каде и како се случиле жртвите не беа веднаш достапни.
Денеска се одржаа повеќе протести во Каиро од поддржувачите на поранешниот претседател Мохамед Морси.
Египет е во криза откако војската го собори Морси на почетокот на јули. Војската и противниците на Морси се борат со Муслиманското братство и други поддржувачи на Морси.
Претходно овој месец, стотици луѓе – граѓани, како и припадници на безбедносните сили – беа убиени.