Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Египет: Уапсен уште еден висок лидер на Братството

0
By Нова ТВ on August 29, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Египетската полиција го уапси Мохамед ел-Белтаги, уште еден од поважните лидери на Муслиманското братство, пренесува „Ал Џезира“.

Белтаги, поранешен член на парламентот и шеф на партија Слобода и правда, е уапсен во Гиза близу египетскиот главен град, пренесува државната телевизија.

Тој е баран под обвинение за поттикнување насилство а властите го гонеа речиси три недели.

Во видео-снимка емитувана неделава на „Ал Џезира“, Белтаги изјави дека властите во Египет се обидуваат да ја преобразат „политичката криза“ во проблем со безбедноста обвинувајќи ја неговата група за организиран тероризам.

„Немојте да дозволите да бидете излажани преку овие измами насочени да не поврзат со тероризам, насилство и убиства…во време кога врвот на овој режим е облиен со крв“, изјави тогаш Белтаги.

Тој изминатиот месец се криеше откако властите насилно ги растргнаа демонстрантите – симпатизери на претседателот Мохамед Морси, кој беше симнат од власт од страна на војската на 3 јули.

По падот на Морси, во речиси два месеца, повеќето од лидерите на Братството беа уапсени.

Главниот координатор на групата, Мохамед ел-Бади беше уапсен на почетокот на месец август. Тој се соочува со обвиненија за поттикнување насилство, како и неговиот заменик Рашад ал-Бајоми и „мозокот“ на групата Каират ал-Шатер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.