Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК бара политичка волја за борба против корупцијата

2
By Соња Петрушевска on April 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјата мора да покаже сериозна политичка волја дека сака да се справи  со корупцијата која е присутна во многу области, а има само мал број на судски пресуди поврзани со високата корупција, нотира Европската комисија во Извештајот за Македонија.

Комисија бара од властите да покажат дека институциите кои се надлежни за борба против корупцијата ќе бидат автономни во своето одлучување, ке ги имаат потребните ресурси и кадар да водат случаи поврзани со високата корупција и организираниот криминал.

Слаѓана Тасева од “ Транспаренси Интернешнл“ констатира дека Извештајот во делот за борба против корупцијата не е добар.

„Извештајот само покажува дека ништо не сме смениле . Ова е само потврда дека политиката и натаму ги контролира институциите и ги држи под свое, односно дека се уште сме „заробена држава“ и не им дозволува на институциите да мрднат. Тие се држат под контрола за да бидат во нечиј интерес. Затоа немаме резултати – вели Тасева.

Таа додава дека Македонија има правна рамка и закони што се усогласени со европските стандарди и со Конвенцијата на ОН, има закони за спречување на  судири на интереси, за конфискација на имот, но без политичка волја не може има резултати во борбата против корупцијата, која е клучна за да изградиме правично општество.

Во својот извештај, ЕК  нотира дека има многу агенции и институции што водат борба против корупцијата, но тие се некоординирани , што пак создава неефикасност и конфузија. Од земјата ЕК очекува да види сериозни истраги  за организиран криминал и перење на пари кои ќе завршат со пресуди. Клучно, според Комисијата,  е да профункционира и Националниот координативен центар за борба против организираниот криминал кој е опремен и има  персонал, но сè уште не е поврзан со Царинската управа и со Управата за јавни приходи. Во моментов, нема врска ниту  со Дирекцијата за финансиска полиција.

Друг приоритет треба да биде конфискацијата на криминалните средства.

„Истражувањата за корупција во јавните набавки стануваат почести, но финансиски истраги и конфискација на имот ретко се користат во истрагите. Треба да се зајакнат овластувањата и ресурсите на полицијата, Јавното обвинителство, судовите и Агенцијата за управување со конфискуван имот за да се овозможи одземање и конфискација на криминални средства, вклучително и во раните фази на кривичните истраги, пишува Комисијата.

Комисијата, исто така забележува дека Финансиската полиција и единицата за финансиско разузнавање имаат слаби ресурси и слаби капацитети, а  органите за спроведување на законот и обвинителството сè уште мора да изградат капацитет и стручно знаење за спроведување на финансиски истраги на системски начин.

„ Односите помеѓу обвинителите, полицијата и другите релевантни тела и агенции треба да се подобрат, така што обвинителската служба може целосно да ја одигра својата водечка улога во истрагите. Само еден од планираните истражни центри под раководство на јавниот обвинител е формиран и сè уште не е соодветно екипиран и опремен. Не постои електронска конекција помеѓу полицијата и Јавното обвинителство“ пишува комисијата.

Иако има напори за подобрување на транспартеноста и одговорноста на јавните институции, треба да има механизам за контрола на јавните набавки, јавно –приватните партнерства и за извршување на јавните договори – овој систем треба да вклучува и казни.

Според ЕК, Државната комисија за спречување на корупцијата, која и во Македонија беше критикувана дека е партиска продолжена рака на претходната власт, има слаби овластувања:  “Без истражни овластувања, ДКСК е ограничена на административна верификација на податоци за судир на интереси “, пишува ЕК.

Комисијата  забележува дека Државната комисија за спречување на корупцијата не била многу вклучена во следењето на финансирањето на политичките партии за време на изборната кампања на Парламентарните избори во 2016, но во споредба со 2016 година, поднела поголем број на пријави – 67 за конфликт на интереси , испратила 20 барања до УЈП за проверка на имотот на службеници и 48 барања до Јавното обвинителство за поведување на прекршочни пријави. Комисијата не наведува како завршиле овие постапки.

ЕК, исто така само констатира дека поради наводна злоупотреба на финансиски средства, пет членови на ДКСК си поднеса оставки.

Пресвртница во борбата против корупцијата Европската комисија очекува од Специјалното јавно обвинителство кое отворило 26 истраги а потврдени се обвиненија во 17 случаи- оттука, смета дека СЈО треба да стане дел од Обвинителството.

Во 2017 година, имало само 5 пресуди за перење на пари, а Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал отворило само 6 истраги против официјални лица. Петмина од овие случаи се за злоупотреба на службената положба и овластување, а еден случај е за прифаќање на награда за незаконско влијание за што е поднесено обвинение.

„Комисијата бара и поголема контрола на донаторите на политичките партии и средствата што ги уплакаат на сметка на партиите. Евиденцијата за контролата на финансирањето на партиите и кампањите останува речиси непроменета. Постојните казни според Законот за спречување на корупцијата и Изборниот законик треба да се применуваат на посистематски и видлив начин. Се уште мора да се направат измени и во Изборниот законик за финансирање на изборните кампањи и политичките партии за решавање на претходните препораки на ОБСЕ / ОДИХР и ГРЕКО. “ пишува во Извештајот на ЕК.

 И покрај овие системски слабости кои ги наведува Комисијата, Тасева вели дека главната порака која треба да се чита во Извештајот е дека немаме политичка волја за вистинска борба против корупцијата, а токму таа ја парализира демократизацијата. Иако има професионалци во институциите кои ги поминале сите обуки за борба против корупцијата, самите институции треба да се ослободат за да ги гонат криминалот и мафијата – дури тогаш граѓаните ќе почувствуваат дека корупцијата се казнува, заклучува Тасева, заради тоа што на граѓаните им се потребни докази- дека навистина настапил нов почеток за оваа земја-  на правда и  праведност, каде нема граѓани од прв степен, кои благодарејќи на конекциите со партиите и моќниците се заштитени.

Европска комисија Извештај Корупција Тасева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.