Европската комисија обезбеди фонд од 400 милиони евра за исплата на компензација за европските земјоделци кои ќе претрпат штети со ембарго на увоз на храна, најавено од Русија.
Како одговор на западните санкции, Москва во четвртокот најави целосна забрана за увоз на свинско месо, зеленчук и овошје, месо од живина, риба, сирење, млеко и млечни производи од земјите членки на ЕУ, Австралија, Канада, Норвешка и САД. Според податоците на руската Федерална царинска служба, станува збор за увозни производи во вредност од 9,1 милијарди долари.
Извор: Макфакс