Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич ги повика владата и сите институции да обезбедат услови за слободни избори, по неколкуте инцидентите во кампањата за локалните избори.
-Ги охрабруваме сите претставници на политички партии да постапуваат одговорно. Исто така, ги повикуваме сите институции да обезбедат услови за веродостоен и транспарентен изборен процес, што ќе им овозможи на сите граѓани слободно да ги остваруваат нивните демократски права, изјави Коцијанчич.