Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

0
By Zoran Ivanov on November 5, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕК констатира дека во делот на слободата на изразување е постигнат одреден напредок со Законот за медиуми, но дека правната рамка во оваа сфера се уште не е целосно усогласена со законодавството на ЕУ, а предизвиците остануваат и во врска со транспарентноста на сопственоста на медиумите.  

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“.

Ова се наведува во вчера објавениот Извештај на Европската комисија за македонскиот напредок на европскиот пат за 2025 година.

Во документот се нагласува дека по првата Меѓувладина конференција за пристапни преговори на 19 јули 2022 година, Комисијата веднаш започна со скрининг процесот, кој заврши во декември 2023 година, по што сите извештаи од анализата по шесте кластери беа презентирани пред Европскиот совет.

– Советот и ги изложи на Северна Македонија условите за отворање на пристапните преговори по Првиот кластер (Основни вредности), откако ќе бидат усвоени уставните амандмани. Како одговор, во декември 2023 година, властите на Северна Македонија ги усвоија патоказите за владеењето на правото и реформата на јавната администрација, се вели во Извештајот.

Натаму се нагласува дека земјата одржува добри односи со другите држави опфатени со процесот на проширувањето и продолжи со своето учество во регионалните иницијативи. Во документот се додава и дека постојните билатерални договори со соседните земји, вклучувајќи ги Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, треба да се спроведат со добра волја од сите страни.

– Северна Македонија ја одржа својата целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во врска со агресивната војна на Русија против Украина, испраќајќи силен сигнал за својот стратешки избор за пристапување во ЕУ и покажувајќи се како сигурен партнер, се наведува во документот.

Европската комисија посочува и дека земјата активно се вклучи во новиот План за раст на Западниот Балкан и започна со спроведување на четирите столба на планот за постепена интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионалната економска интеграција, фундаменталните реформи и зголемената финансиска поддршка.

– Во рамките на Програмата за реформи и раст, инструмент на ЕУ базиран на перформанси што го поддржува процесот на пристапување во ЕУ, земјата ја усвои својата Агенда за реформи, која опфаќа реформи во областите: управување, реформа на јавната администрација и менаџирање со јавните финансии; зелена и дигитална транзиција; човечки капитал; развој на приватниот сектор и деловно опкружување; и фундаментални права и владеење на правото, се потенцира во Извештајот.

Во однос на почитување на принципите на демократијата, се посочува дека македонското изборно законодавство обезбедува соодветна рамка за одржување демократски избори и Изборниот законик беше изменет во март 2024 година, но дека не бил постигнат напредок во однос на преостанатите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија.

– Парламентот ги извршува своите овластувања на генерално ефикасен начин. Сепак, политичката поларизација во Парламентот продолжи, одложувајќи го усвојувањето на важни реформи и неколку долго очекувани именувања, се оценува во Извештајот и се препорачува Собранието да ја ограничи употребата на скратени процедури за усвојување закони.

Во документот се посочува дека се потребни „трајни и решителни чекори“ за да се забрза спроведувањето на сите реформи поврзани со ЕУ, надвор од оние од Реформската агенда, и за да се продолжи напред во процесот на преговори за пристапување во ЕУ.

– Институциите задолжени за процесот на интеграција во ЕУ се воспоставени. Северна Македонија треба да продолжи да ги зајакнува своите преговарачки структури со ЕУ и да постигне здрава координација меѓу ресорните министерства и институции, додека дополнително ја развива експертизата поврзана со законодавството на ЕУ во јавната администрација, се додава во Извештајот.

Европската комисија проценува и дека и покрај одреден напредок, се уште итно е потребна сеопфатна реформа на локалната самоуправа, а дијалогот меѓу различните нивоа на власт треба да се зајакне.

– Меѓуетничките односи останаа стабилни, а Охридскиот рамковен договор продолжи да се спроведува. Организациите на граѓанското општество во Северна Македонија генерално работат во целокупно поволна средина. Владата донесе одлука за назначување членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Овој развој на настаните доведе до долгоочекуваното реактивирање на Советот, во согласност со препораките на Комисијата, се истакнува во документот и се потенцира дека се потребни измени на тековните законски и финансиски рамки за обезбедување транспарентно јавно финансирање на граѓанските организации.

Во извештајот се потсетува дека земјата, втора година по ред, беше опфатена и со Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2025 година, при што се нагласува дека е потребно усвојување на нов Закон за граѓанска постапка во согласност со европските стандарди, забрзување на судските реформи, како и на зајакнување на Судскиот совет и на превенцијата и борба против корупцијата, која е „прашање од сериозна загриженост“.

– Правната рамка за основните права е делумно усогласена со законодавството на ЕУ и европските стандарди. Земјата продолжува да ги исполнува своите општи обврски за основните права, но законодавството треба да се спроведува на систематски начин, се вели во документот и се препорачува подобрување на условите во затворите, зајакнато финансирање на народниот правобранител и на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и обезбедување соодветна поддршка за ранливите категории деца, пред се жртвите на насилство, Ромите и децата со попреченост.

ЕК констатира дека во делот на слободата на изразување е постигнат одреден напредок со Законот за медиуми, но дека правната рамка во оваа сфера се уште не е целосно усогласена со законодавството на ЕУ, а предизвиците остануваат и во врска со транспарентноста на сопственоста на медиумите.

Во Извештајот, меѓу другото, се препорачува усогласување на законската рамка што ги регулира медиумите со законодавството на ЕУ и европските стандарди, воведување правила за заштита на права на интелектуална сопственост, реформа на јавниот радиодифузен сервис и продолжување на справувањето со сите закани и акти на насилство врз новинарите.

– Северна Македонија има добро ниво на подготовка во областа на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика. Постигнат е добар напредок, бидејќи земјата го одржува својот рекорд на целосна усогласеност со релевантните изјави на високите претставници во име на ЕУ и релевантните одлуки на Советот, вклучувајќи ги и рестриктивните мерки на ЕУ поврзани со агресивната војна на Русија против Украина. Северна Македонија продолжи да учествува во мисиите и операциите на ЕУ за управување со кризи. Во ноември 2024 година, земјата потпиша Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ, се додава во Извештајот.

 

ЕК Извештај Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.