Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“.
Ова се наведува во вчера објавениот Извештај на Европската комисија за македонскиот напредок на европскиот пат за 2025 година.
Во документот се нагласува дека по првата Меѓувладина конференција за пристапни преговори на 19 јули 2022 година, Комисијата веднаш започна со скрининг процесот, кој заврши во декември 2023 година, по што сите извештаи од анализата по шесте кластери беа презентирани пред Европскиот совет.
– Советот и ги изложи на Северна Македонија условите за отворање на пристапните преговори по Првиот кластер (Основни вредности), откако ќе бидат усвоени уставните амандмани. Како одговор, во декември 2023 година, властите на Северна Македонија ги усвоија патоказите за владеењето на правото и реформата на јавната администрација, се вели во Извештајот. Линк

