Европската комисија официјално започна постапка за воведување санкции против Хрватска. Европската комисија објави дека го активира клаузулата 39 од Договорот за пристапување.
Присилните мерки спрема Хрватска, Европа ги презема за непочитување на Европскиот налог за апсење. Санкции ќе вклучуваат зголемен мониторинг и суспензијата на средствата предвидени за воведување на Шенген зоната. Хрватска со цел воведување на Шенгенот за 2014 требаше да добијат 80 милиони евра.
Наметнувањето на санкции за Хрватска во петокот ги предложи Вивиен Рединг. Потпретседателот на Европската комисија доби целосна поддршка од европските пратеници и од претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Баросо, со што беше отворен простор за воведување на мерки кои би требало осигураат дека Хрватска хитно ќе го промени “Лекс Перковиќ “.
„Комисијата денес започна консултации со земјите-членки на Европската унија во врска со предложените мерки. Земјите-членки имаат десет дена да ги достават своите коментари“, изјавија од Европската комисија.
Хрватска е должнаа да го усогласи своето законодавство со acquis communautaire . Тоа е обврска која Хрватска ја презеде за време на преговорите за членство.