Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екипата на „Деца на Сонцето“ се сели во Скопје

0
By Нова ТВ on July 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од вкупно шест работни недели колку што е предвидено снимањето на долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески, екипата досега снимаше цели четири недели на крајбрежјето во Преспа. Следниве две недели, кои преостануваат ќе се снима на локации низ Скопје, Гостивар и Охрид.

Кон средината на неделава, екипата се сели во главниот град на Републиката, каде ќе се снимаат сцени во Железничката станица, околу центарот на градот, во Жена паркот, делови во едно казино и во приватна вила, а последните денови од снимањето се резервирани за Охрид, каде ќе се снимаат подводни сцени.

Режисерот Митрикески е повеќе од задоволен од сработеното:

„Она што најмногу ме радува е што работам со извонредно добро организирана екипа. Нема да се стеснам да кажам дека оваа екипа е досега најподготвена и најпрофесионална од целокупното искуство, кое досега сум го имал на филм. Се придржуваме стриктно до зададените планови и не само што не дозволивме да доцниме ниту ден, туку сме и малце понапред од планираното.

– Земете предвид дека имавме масовни сцени по десетина актери во кадар, кои ги работевме во екстериерни услови, на зајди сонца, и сепак успевавме да ги снимивме во рок и да го фатиме тој величествен момент кога сонцето заоѓа и немавме потреба да доцниме или да преснимуваме.

– Имавме сцени со глумци од 7 до 77 години, тешки за снимање, во вода, на чамци, а сепак успеавме без нервози и доцнења да ги снимиме. За искусните актери кои играат во филмот, немам коментар, тие се вистински магови во својата работа, како Владо Јовановски, Милица Стојанова (чија улога и е досега најголема на филм), Мето Јованоски, Билјана Танески, босанската ѕвезда Емир Хаџихафизбеговиќ, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски…. а младата актерка Ивана Павлаковиќ, која ја игра главната улога и која наедно дебитира на филм е големо откровение за мене. Не можам, а да не го споменам и младиот актер нејзин партнер во филмот Кире Ѓоревски, кој исто така многу автентично го пресликува ликот на Марко. Феноменален е!“ вели Митрикески.

Она што е карактеристично е тоа што поголемиот дел од филмот досега е сниман со камера во рака. Особено масовните сцени со многу актери во нив и сцената со пожарот за која се користени две камери од рака. За овој филм режисерот и директорот на фотографија Јарек Шода користат светла гама, иста како во неговиот прв филм „Преку езерото“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.