Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екологистите бараат да се гарантираат повеќе еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2024 12:38

Усогласување на државните стратешки документи за животна средина, климатски промени, туризам, земјоделие и рурален развој, енергетика, забрана на рудници во заштитени подрачја и санација и рекултивација на старите рудници, со решавање на еколошките проблеми, се дел од еколошки принципи и начела кои група на граѓански активисти бараат да бидат вметнати во Стратегијата за рударство 2025-2045 година.

На денешната прес-конференција пред Министерството за економија, од Иницијативата ги претставија Барањето за гарантирање еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045, за кое информираа дека е упатено до Министерството за економија, Владата и Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), како изготвувач на документот.

Екологистите порачуваат државата да тргне од врвниот јавен интерес за обезбедување здрав и квалитетен живот за граѓаните.

– Рударство може да има онаму, кај што не ги загрозува населбите и биодиверзитетот. Тоа значи: НЕ во дворовите на луѓето, НЕ во нивите, НЕ покрај водите, НЕ во заштитени подрачја, сметаат еколошките активисти.

Анализирајќи ја нацрт-стратегијата, тие утврдиле дека текстот е во колизија со ред закони и стратегии усогласени со меѓународните регулативи во областа на земјоделството, туризмот и животната средина, кои се водат од зачувување на водите, почвите и воздухот, како одбрана од климатските промени. Поради ова, бараат Стратегијата за рударство да се темели на конкретни еколошки принципи и начела.

Помеѓу начелата содржани во барањето се да не се искористува и експлоатира по секоја цена, да има континуитет во стратешките документи за индустриска политика, да се избегне „рударскоцентричен концепт“ и промоција на Македонија како „рударска земја“.

Екологистите бараат усогласување на државните стратешки документи за животна средина, климатски промени, туризам, земјоделие и рурален развој, енергетика, да нема рудници во заштитени подрачја, ниту во подрачја кои се во фаза на заштита, да нема рудници на 5 километри од населено место или од заштитено подрачје, да нема обнова на старите рудници и отворање нови места во кои се веќе еколошки оптоварени со старо историско загадување, санација и рекултивација на старите рудници, со решавање на еколошките проблеми, грижа за еколошките мрежи за заштита на биодиверзитетот, затворање на ископите на јаглен.

Тие бараат и носење нов Просторен план на Република Северна Македонија и ажурирани просторни планови по региони, носење нов Закон за просторно планирање, спроведување на препораките од Ревизијата на успешност во управувањето со минералните суровини 2016-2020 на Државниот завод за ревизија, комплементарни со барањата на екологистите од кампањата „Разбистри Сѐ “ и запирање на постапките за нови рудници додека не се реформира постапката за оцена на влијанието врз животната средина.

Барањето е поднесено од  Зелен институт, Еко Долина – Ново Село, Здрава Котлина – Струмица, Спас за нас – Гевгелија, Зелените од Гази Баба, ИКС Институт за комуникациски студии, О2 иницијатива, СТИГА Е – Ново Село, Струмица и Босилово, Грин.орг – Кочани, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг и проф. Кирил Сотировски, РАДАР, АРНО, Фронт 21/42, Еко-живот – Кавадарци, Еко звон, ЦИКП, Го сакам Водно, АРТ ПОИНТ – ГУМНО, Новинари за човекови права, Балканска водна мрежа, Национален Рома Центар, Охрид СОС, ЕКО ЛОГИК, Гоу Грин, Геосфера – Битола, Ековита – Неготино, Здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип, Рурална коалиција, Куќа на среќата, Институт за биологија при ПМФ – проф. Рената Ќуштеревска и проф. Валентина Стаменковиќ, Институт за демократија, АДИ, Шанса за Центар, МЦМС, МАЦЕФ, Чеинџмејкерс, ЕДЕН, Зелен хуман град, Вила Зора Велес, ДЕМ, Независни од Карпош – За заштита на Карпош, Млади за Македонија, Центар за управување со знаење, Полимат 13 – Богданци, МЕД.

Од иницијативата сметаат дека со оглед на искуството со постојните рудници, најавите за отворање нови во изразито земјоделски и туристички места, реотворање стари рудници кои се жешки еколошки точки, како и најавите за нови измени на Законот за минерални суровини, овој пат, како што велат, во интерес на концесионерите, а на штета на здравјето и животната средина, ценат дека е повеќе од неопходна широка дебата со пристап на сите стручни лица и екологисти од Македонија.

екологија екологисти стратегија за рударство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.