Граѓаните во Скопје се вознемирени од невообичаено бакарната боја на реката Вардар, откако на социјалните мрежи се објавени неколку видеа на кои може да се забележи натпросечното ниво на загаденост на реката.
-Поради помор на риби по течението на реката Вардар во Аеродром, дежурните инспектори од Инспекторат на Град Скопје заедно со екипи на ЈП „Водовод и канализација“ веднаш излегоа на увид на терен. Од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се земени примероци од водата за испитување. Првичните индиции на градските инспектори се дека загадувањето на реката на овој потег е од кругот на поранешна „Железара“. Во координација со надлежните државни инспекции ќе следат вонредени инспекциски контроли во кругот на „Железара“, а одговорните субјекти за ова загадување ќе бидат соодветно санкционирани – пишува во соопштението од Град Скопје.
Градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски вели дека биле земени примероци од три места долж Вардар.
https://www.facebook.com/100010702215034/videos/933807240319341/





