Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еколошкиот криминал во фокусот на Меѓународниот кривичен суд

0
By Нова ТВ on September 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еколошките криминалци наскоро ќе можат да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и да бидат судени за еколошко злосторство против човештвото.

Обвинителката на МКС Фату Бенсуда објави пред неколку дена политички документ во кој ги предупредува политичарите и бизнисот дека нејзиниот отсега ќе стави акцент врз разурнувањето на човековата околина или екоцид кое ќе биде судено како злосторство против човештвото.

ICC prosecutor Fatou Bensounda

Фату Бенсуда

Хелен Бради од Хашкото обвинителство за агенцијата АФП изјави дека не станува збор за додавање на нови злосторства на оние кои се набројани во статутот на МКС туку нов посебен акцент врз овој криминал. Според неа судењето на “екоцидот” е предизвикот на 21 век а овој документ треба да испрати силна порака до сите политичари и бизнисмени во светот.

Судење на “екоцид” е предизвикот на 21 век а документот на МКС треба да испрати силна порака до сите корумпирани политичари и бизнисмени во светот.

Оваа историска одлука беше поздравена од страна на борците за човекови права и екологистите според кои таа ќе биде одлично средство за притисок врз корумпирани политичари.

“Ниту едно западно општество нема да сака да биде осудено за злостроство против човештвото со тоа што ќе добие концесии во рудници во Азија или Африка”, вели за АФП адвокатот Ричард Роџерс кој поднесе тужба против слично злостроство во Камбоџа.

Податоците велат дека милиони луѓе се избркани од своите домови во руралните земјоделски средини во светот за да може да копа руда, да се градат објекти или да се уништуваат прашуми кои им носат голем приход на корумпирани политичари и нивните бизнис партнери. Најмалку три лица загинуваат секоја седмица во обид да го одбранат парчето земја од кое живеат.

МКС е суд сместен во Хаг и тоа е првиот постојан суд кој има задача да ги суди воените злостроства, геноцидите и злосторствата против човештвото. Судот може да суди и злосторства починети во мир. Така, адвокати испратиле барање до МКС за отворање на истрага во Камбоџа. Владата на оваа земја прави договори со странски групи за експлоатација на земјиште на кое се одгледува шеќерна трска со што им се прави огромна штета на руралните средини.

екоцид Меѓународен кривичен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.