Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еколозите бараат тргање на градежната механизација од сртот на Водно

1
By Нова ТВ on July 29, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Официјална фејсбук страница на „Го сакам Водно“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се тргне целокупната градежна механизација од сртот на Водно додека не се реши проблемот и Владата да излезе со официјален став за проектот, побараа на денешната прес-конференција пред Град Скопје од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

Тие апелираат Владата да го стопира издаденото одобрение за градба, да се изработи нова оценка на влијанието на изведбата на гасоводната делница врз животната средина во заштитената парк шума Водно и да се промени изборот на трасата.

Татјана Стојановска, од граѓанската иницијатива, рече дека бараат официјален став од Владата.

„За се друго, ќе сметаме дека Владата донела некое решение, со кое под притисок ги игнорираат одредени засегнати страни. Еднострано одлучуваат да продолжат, а со тоа најмногу ќе бидат засегнати граѓаните“, изјави Стојановска.

Според нивни сознанијата од работната група формирана од Владата, посочи Стојановска, биле разгледувани пет траси од кои четири минуваат низ северната страна, а една од јужната, односно низ Водно.

„Според нас не може никако да се земе дека финансискиот и временски аспект се над деградацијата на нашето природно богатство. Мора да се ревидира и направи една добра анализа изборот на трасата дали мора да биде од јужната страна или има опции да се изведе од северната страна“, изјави Стојановска.

Посочи дека АД Македонски енергетски ресурси (МЕР), кои ја градат гасоводната делница 5, според нив ги имаат обезбедено скоро сите потребни документи, но немаат документ што дава дозвола за работа во заштитено подрачје.

„МЕР имаат документ со кој се оценува влијанието врз животната средина, но таа оценка е одобрена од Министерство за животна средина и просторно планирање 2011 година и во неа не е специфирано за влијанието врз животна средина во заштитено подрачје и количината на шумски предел што ќе биде оштетен. Многу е општа самата студија, а е прифатена од Министерството за животна средина и е одобрена. Таква една студија за влијание врз животна средина е одобрена од истото Министерство и за патот кон „Сончев град“, а знаеме какви последици и проблеми имаше“, изјави Стојановска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.