Економската соработка меѓу Македонија и Хрватска е на многу ниско ниво, изјави хрватскиот министер за економија Иван Врдољак по средбата со македонскиот колега Ваљон Сараќини. Тие денеска потпишаа договор кој треба да обезбеди непречени трговски односи меѓу двете земји по влезот на Хрватска во Европската Унија.
– Ние сакаме да ги видиме македонските инвеститори во Хрватска, а јас како министер за економија ги повикувам сите хрватски компании слободно да инвестираат во едно пријателско бизнис опкружување во Македонија. Ќе им дадеме голем поддршка за да инвестираат и да вработуваат тука. Нема причина да не биде така. Историјата покажува дека можеме да соработуваме многу подобро и мислам дека во иднина ќе биде така.
– Со влезот на Хрватска во ЕУ престанува да важи ЦЕФТА договорот. Тоа ќе придонесе хрватските компании да инвестираат во Македонија и да ги искористат придобивките кои ги нуди ЦЕФТА. Тоа е добро за нас и ќе значи нови инвестиции и вработувања, рече Сараќини.




