Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Економскиот раст лани 3,6 отсто – надминати проекциите и на Владата и на ММФ

0
By Нова ТВ on March 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 7, 2020 15:02

Вкупниот раст на домашниот бруто-производ за 2019 година изнесува 3,6% што ја надминува проектираната стапка од 3,5%. Растот, пак, на БДП во последниот квартал лани беше 3,4 отсто во однос на истиот период претходната година, покажаа извештаите на Државниот завод за статистика.

Владиниот тим, на чело со премиерот Оливер Спасовски и министрите за финансии, Нина Ангеловска, за економија, Крешник Бектеши и за земјоделство Трајан Димковски, денес на прес конференција не го криеја задоволството, нагласувајќи дека реализацијата ја надминала не само корегираната владината проекција, туку и проекциите на Меѓународниот монетарен фонд и на Светска банка кои изнесуваа 3,5 и помалку.

„Додека тие ја намалуваа проекцијата за раст на глобалната економија, ја зголемуваа проекцијата за раст на македонската економија. Уште еден податок кој е многу илустративен за растот на БДП на нашата земја говори и фактот дека Северна Македонија е на осмо место по раст на табелата од 38 земји од Европската Унија и регионот, и тоа пред Бугарија, Кипар, Хрватска, Чешка, Словенија и други земји членки на унијата. Тоа ни дава за право да кажеме дека економските и финансиски политики на Владата на Северна Македонија даваат резултати и го одржуваат трендот на стабилен раст на нашата економија“, нагласи Спасовски.

Исто така премиерот посочи дека Владата предводена од СДСМ и коалицијата го презеде управувањето со државата во 2017 година во состојба на рецесија.

„Рековме дека 2019 година ќе биде година на економијата. Бројките што ги презентираме денеска, кои доаѓаат од Државниот завод за статистика потврдуваат дека бевме во право. Реализиравме исклучително позитивна година на полето на економијата во нашата држава“, истакна премиерот Спасовски.

Растот на економија оди во корелацијасо намалувањето на невработеноста, која како што рече Спасовски, е на историски најниско ниво од 16,6%, додека  вработеноста е на највисоко ниво досега од 47,9%.

„Споредено меѓу четвртиот квартал во 2019 во однос на четвртиот квартал од 2016 година има 76.255 повеќе вработени“, нагласи претседателот на Владата.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, рече дека растот на БДП е сублимат на добрите економски и фискални политики, како и дека особено радува што е остварен паралелно со стабилизирање на стапката на јавниот долг.

„Задолжувањето е оправдано само ако е за инвестиции. Порано јавниот долг беше брзорастечки, а не продуцирал високи стапки на раст. Сега е стабилизиран и економскиот раст е зголемен“, рече министерката Ангеловска.

Таа наведе дека позитивно е дека растот на бруто-домашниот производ се реализира преку широк спектар на активности.

„Економските фундаменти се здраво поставени за да продуцираат раст во сите сектори, односно сите сегменти од економијата. Се забележува раст во градежништвото за 5,9%, во трговијата, транспортот и угостителството за 4,7%, кај земјоделството за 3,8% и во индустријата за 3,1%“, нагласи Ангеловска.

И таа како и Спасовски се осврна на стапката на вработеност, фокусирајќи се притоа на младите и нивниот работен ангажман.

„Само во текот на минатата година, бројот на вработените е поголем за 38.600 лица. Притоа активното население расте за околу 6.400 лица минатата година. Она што е особено позитивно е што кај најмладата возрасна група од 15-24 години, каде има и најголема стапка на невработеност, невработеноста значително е намалена на годишно ниво за 13,8 процентни поени и сега изнесува 35%. Охрабрувачки е тоа што политиките кои ги спроведуваме даваат резултати и стапката се намалува“, подвлече министерката Ангеловска, која откри дека дека кредитната агенција „Стандард и пурс“ го потврдила кредитниот рејтинг за земјава кој е ББ- со стабилен изглед, што е потврда за добрата економска состојба.

Таа нагласи дека намалувањето на стапката на невработеноста, особено кај младата популација, е резултат на инвестициите во човечкиот капитал, во образованието на долг рок, а преку активните мерки за вработување на среден рок.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека мерките за поддршка на бизнисот ги даваат очекуваните резултати и за само две и пол години економијата е на вистинскиот пат, кој носи раст и развој.

„Се градат патишта, се реализира речиси целосно планот за економски раст, вклучувајќи го и Законот за финансиска поддршка и мерките преку ФИТР. Исто ги третираме и домашните и странските инвеститори, веќе има стотина компании што се поддржани од Владата кои имаат големо влијание во растот на економијата“, рече Бектеши.

Министерот Трајан Димковски, пак, го нагласи зголеменото учество на земјоделството во вкупниот БДП, кое сега изнесува 3,8 отсто. Тој исто така посочи дека земјоделството има нагорен тренд во извозот и во производство.

„Извозот на земјоделско прехранбени производи бележи пораст од 14,5 отсто, што е највисока стапка до сега“, рече Димковски. Тој додаде дека е намален и дефицитот меѓу увозот и извозот на земјоделско-прехранбени производи, за 13,8 отсто или од 246,6 милиони евра во 2018 година, на 212,6 милиони евра минатата година.

И натаму најзначаен извозен земјоделски производ е тутунот, но зголемен е и извозот на пиперките, раниот и конзервиран зеленчук, на јаболката и на други производи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.