Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Економските перформанси на Северна Македонија дозволуваат пристап до инструментот за претпазливост на ММФ

0
By Mirjana on July 10, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај тоа што глобалното економско окружување носи крупни предизвици, носителите на економските политики преземаат силни мерки и политики, беше заклучено од страна на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на онлајн средбата со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Нејзиното видување за соодветните економски политики, првата жена на ММФ го истакна и на нејзиниот твитер профил.

Доказ за соодветноста на политиките е и можноста за пристап до Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), преку кој ММФ ќе обезбеди дополнителна ликвидност за нашата земја за надминување на тековните предизвици, што всушност беше и тема на средбата. Имено, овој инструмент се доделува на земји кои имаат здрави економски фундаменти, практикуваат и се очекува и понатаму да практикуваат здрави економски политики и имаат макроекономска стабилност. При процесот на одобрувањето на ПЛЛ, се оценува соодветноста на монетарната политика, стабилноста и супервизијата на финансискиот сектор, како и соодветноста на статистичките податоци. Подготвеноста на Фондот за одобрување на инструментот, говори дека Народната банка успешно одговара на предизвиците во сите овие домени на нејзина надлежност.

Во однос на политиките кои ги спроведува Народната банка, примарна цел и фокус и натаму останува одржување на стабилноста. Народната банка започна  со процесот на постепено нормализирање на монетарната политика со цел одржување на среднорочната ценовна стабилност. Како резултат на повисокиот раст на примарните производи и пренесените ефекти кај поголемиот дел од производите и услугите, вклучително и растот на инфлациските очекувања, на три наврати досега, беше реагирано кај основната камата. Во контиунитет, Народната банка делува и на девизниот пазар за оптимално управување со ликвидноста. Во оваа насока, два пати се реагираше и кај задолжнителната резерва во насока на поттикнување на денаризацијата.

нбрсм СРЕДБА СО ПРВИОТ ЧОВЕК НА ММФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.