Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ексико“, Камчев и Панделески влегоа во „Здравје Радово“

1
By Нова ТВ on March 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 20, 2015 13:46

Бизнисмените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ влегоа во сопствеништвото на една од најголемите фабрики за млеко и за млечни производи „Здравје Радово“, покажуваат денешните податоци од Централниот регистар. Мнозински акционери во ЗК „Пелагонија“ се познатата офшор компанија „Ексико“, „Орка Холдинг“ и Цветан Панделески.

Во јавноста одамна се шпекулираше дека Камчев влегол во „Здравје Радово“, меѓутоа официјално тоа се случи дури денеска.

Во сопственичката структура на „Здравје Радово“ остануваат Зоран Гудев и Јован Дабевски.

„Ексико“ е веројатно најуспешната анонима компанија во Македонија, иако е формирана уште во далечната 2001 година. Денес како нејзин сопственик се води швајцарската „T&MJ Инвестмент СА“ – лоцирана во Лугано, а на истата адреса регистрирани се уште десетици други фирми. За прв пат името на фирмата во медиумите се појави во 2005 година, кога весниците објавија дека „Ексико“ и „Мала Богородица“ имале градежни активности под хотелот „Панорама“.

Во изминативе години „Ексико“ се јави како акционер во „Стопанска банка АД – Битола“, Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и во познатата градежна компанија „Бетон“ АД – Штип. „Ексико“ свој удел има и во хотелот „Ибис“ кој се наоѓа во непосредна близина на скопскиот плоштад, веднаш до новото седиште на „Комерцијална банка“.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, лани на прес-конференција праша дали шефот на тајната полиција и братучед на Груевски, Сашо Мијалков, стои зад „Ексико“. Мијалков демантираше, најави тужба против Шилегов, меѓутоа досега никој не објасни чија е „Ексико“, ниту пак се појави нејзиниот вистински газда.

„Фокус“ минатата година пишуваше и дека „Ексико“ и познатата агенција за обезбедување СГС, делеле иста адреса.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.