НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Едвард Џозеф за ЦИВИЛ МЕДИА: Балканските лидери имаат можност за искрени дискусии за критичните прашања кои го прават регионот нестабилен и ранлив на руската субверзија

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Свое видување за најновите политичките случувања во Северна Македонија во пресрет на лидерската средба на Западен Балкан и претстојните избори во земјава, во ексклузивна изјава за ЦИВИЛ МЕДИА, даде Едвард П. Џозеф од Институтот Џонс Хопкинс SAIS (Школа за напредни меѓународни студии).

Едвард П. Џозеф, кој извонредно добро ги познава состојбите на политичката карта во земјава и регионот, се осврна на неколку клучни прашања, како и за политичките средби на различни нивоа. Toj, во ексклузивната изјава за ЦИВИЛ МЕДИА, за доаѓањето на Џемс О’Брајан во Скопје вели:

Присуството на американскиот помошник секретар О’Брајан е доста вредно, што им дава можност на балканските лидери да имаат искрени дискусии за критичните прашања кои сè уште го оставаат регионот нестабилен и ранлив на руската субверзија. НАТО, исто така, има витална улога во запирање на руската субверзија и нестабилност во регионот – не само САД и ЕУ, истакна Џозеф.

Според Џозеф, не треба да изненадува тоа што политичката динамика и маневрирање се интензивираат, особено затоа што Северна Македонија влегува во важен изборен циклус.

„Гледаме високи функционери на СДСМ и ДУИ како се советуваат и се претпоставува дека работат на изборни пристапи и стратегии,“ вели Џозеф.

Тој смета дека, од една страна, ова е всушност нормална, па дури и позитивна карактеристика.

„Замислете во Косово, водечките партии на косовските Срби да се координираат со нивните колеги од косовските Албанци, како дел од нормалната внатредржавна политика. Тоа би бил голем напредок во Косово,“ истакна Џозеф.

За разлика од Косово, постои јасна политичка опозиција низ етнонационалниот спектар. Значи, има партии што ги претставуваат етничките Албанци кои се во силна опозиција на ДУИ, како што има силни противници и на СДСМ.

„Сосема добро сум запознаен со прашањата што ги мотивираат овие опозициски партии, откако ги слушнав нивните позиции од прва рака,“ вели тој.

Според него, потенцијалната улога на „Самоопределување“ на изборите во Северна Македонија е нова карактеристика.

Ми кажаа дека партијата нема да учествува на изборите, иако „Самоопределување“ има претставници во Северна Македонија кои разговараат со косовскиот премиер Курти. Оваа перспектива е она што, без сомнение, ја мотивираше средбата со претставниците на Ветвендосје, повторно да се ангажираат за потенцијалната стратегија и усогласеност (или неврзаност) на македонските избори. Динамиката овде е исто така очигледна за мене, со оглед на јасната поделеност во опозиција на ДУИ, како и потенцијалното влијание врз претседателскиот натпревар,“ нагласува Џозеф.

Според него, потенцијалната улога на „Самоопределување“ на изборите во Северна Македонија е нова карактеристика.

Генерално не е здраво политичките партии со седиште во една земја да навлегуваат во политиката на соседот. Посетата и говорот на премиерот Курти во Тетово и Скопје во август минатата година создаде непотребна тензија со Северна Македонија која, за разлика од Србија, е пријателски сосед. Ова беше  различно од посетата на косовската претседателка Османи на Северна Македонија, која не создаде таква контроверзност, нагласува Џозеф.

Понатаму, во однос на самитот на лидерите на Западен Балкан во Скопје, Џозеф вели дека, како што беше објавено досега, „Западен Балкан се среќава со ЕУ“, се чини дека се фокусираше на економските односи, со оглед на присуството на одредени личности кои не се претставници на ЕУ, САД или балканските земји.

„Задоволство ми е што го гледам акцентот (како што беше објавено досега) на Планот за економски раст на ЕУ – наспроти Отворен Балкан. Од друга страна, вклучувањето на претседателот Вучиќ – кој допрва треба целосно да одговори за тешко вооружената српска милиција која премина во Косово што предизвика насилна конфронтација со косовската полиција на 24 септември – покренува прашања,“ нагласува Џозеф во изјавата за ЦИВИЛ МЕДИА.

„Ќе ме интересира да слушнам што изјави албанскиот премиер Рама за Планот за раст на ЕУ и Берлинскиот процес – наспроти Отворен Балкан, прашува Џозеф и додава: Како што напишав, изградбата на Заеднички регионален пазар надвор од парадигмата и вредностите на ЕУ, како што е случајот со Отворен Балкан, е опасно. Не е изненадувачки што трите земји кои се плашат од „српскиот свет“ – Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора – во голема мера го отфрлаат пристапот „Отворен Балкан“ во центарот на Белград,“ вели Џозеф.

Самитот „Западен Балкан и ЕУ“ и лидерската средба за планот за раст за Западен Балкан се одржуваат на 21 јануари во Скопје. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а на неа ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спаиќ, на Косово, Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџиќ, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија, и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Едвард Џозеф ЕУ Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.