Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експанзија на барокот на плоштадот

0
By Нова ТВ on May 9, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 9, 2014 13:20

* Визуелизацијата на Шпанските скали откри како ќе изгледа новата фасада на ЕВН и ЕЛЕМ

Автентичната стаклена фасада на седиштето на ЕВН и ЕЛЕМ во центарот на Скопје заминува во историјата. Деновиве почна поставувањето на заштитна ограда околу градилиштето, на кое оперативата на скопски „Бетон“ во наредните 15 месеци ќе го менува препознатливиот модернистички белег во главниот град. Предвидено е објектот да се преслече во согласност со неокласицистичко идејно решение, и со тоа да биде во склад со околните објекти изградени во рамките на владиниот проект „Скопје 2014“. Покрај промена на стаклената фасада, со проектот е предвидено да се запазат мерките за енергетска ефикасност, но и да се добие дополнителен простор за потребите на двете компании. Зафатот ќе чини 4,3 милиони евра, информира порталот build.mk

Идејното решение за изведба на новата фасада е изработено од страна на Градежниот факултет од Скопје, кој бил задолжен и за подготовка на основниот проект. Во пакет со фасадата ќе заминат во историјата и четирите сендвичарници, кои се лоцирани на просторот помеѓу деловната зграда и Градскиот трговски центар. Општина Центар во претстојниот период е должна да ги сруши овие времени објекти, по добиеното укажување за нивно отстранување од Министерството за транспорт и врски. И покрај досегашните барања на медиумите, засега официјално не е објавено во целост изработеното идејно решение за објектот на ЕВН и ЕЛЕМ, ниту пак е организирана архитектонска изложба на која би се презентирале пристигнатите авторски трудови.

Препознатливиот објект од модерната е изграден во 1962 година, врз основа на проект на познатиот српски архитект Бранко Петричиќ. Зданието веќе беше подложено на реконструкција на фасадата на крајот на 90-тите години, кога меѓудругото беше осовременет надворешниот изглед и беа вградени современи материјали за изолација и енергетска ефикасност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.