Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Како настануваат компликациите-на Инфективна се применуваат два типа на терапии

0
By Менче Атанасова Точи on April 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 5, 2020 17:55

На Клиниката за инфективни болести пациенти со КОВИД-19 се лекуваат со два типа лекови. Едниот е комбинација на антималарици со антибиотикот Сумамед и втората, каде што не може да се даде првата терапија, е антиретровирусна терапија која се дава на болните со ХИВ.

„Досега комбинацијата со антималарици ја примиле 15 пациенти кои се завршени со третман, но лекувањето се уште им трае. Тројца кои примале од првата терапија се починати, додека на двајца им се дава антиретровирусната терапија која се применува кај пациенти со ХИВ. Но, морам да напоменам дека овие терапии се даваат строго контролирани, никогаш граѓаните да не ги земаат самоиницијативно, тие се даваат многу прецизно и под надзор на лекарите на клиниката“ одговори на прашањето на НОВА, на денешниот брифинг со новинарите, Милена Стефановиќ, директорка на Инфективна клиника.

Епидемилогот  Жарко Караџовски кој е претседател на Комисијата за заразни болести нагласи дека ниту една земја не може да направи тестирање на сите граѓани. Целта не е да се направи ИгГ тест, односно дали и колку од населението ја имале болеста, туку тестовите се за да се дијагностицира таму каде што има индиции да се направи тоа.

Тој рече дека според светската статистика околу 80 проценти од луѓето ќе поминат со лесна клиничка слика, 12, 5 до 14 проценти ќе имаат респираторни проблеми и пневмонија, 3 до 5 ќе имаат тешка клиничка слика која може да заврши со смрт(иако во некои земји како Италија тој процент надмина 10 проценти) и 1, 2 до 1,4 проценти завршуваат на респиратори.

Стефановиќ пак нагласи дека главна причина за тешката форма на болеста е загрозување на белите дробови, особено кај луѓе кои имале претходни хронични болести. Таа рече дека досега никој не бил ослободен од респираторна машина. Директорот на Клиниката за пулмологија нагласи дека најтешките случаи се со воспаление на белите дробови кога тие се исполнети со течност, плазма и нема доток на кислород во белите дробови и другите органи.

„Настанува акутен дистрес синдром и пациентите во такви случаи се ставаат на механичка вентилација со кислород. Постојат случаи во светот каде што крвна плазма од излекувани пациенти се давала на заболени во ваква состојба и од 8 случаи, 5 се тргнати од респиратори“, рече проф. Докиќ.

Засега на ИЈЗ тестови се прват 24 часа дневно, беше нагласено дека е потребно помалку од 6 часа за дијагностицирање, дека има слободни места и не се чека за тестирање.

Министерот Филипче нагласи дека загрижува состојбата во Куманово каде што вирусот се шири со голема брзина и има голем број на заболени.

„Куманово има се повеќе заболени, дури и повеќе од Скопје. Не знам дали се во прашање културолошки и социјални причини, собирање во големи групи на луѓе, големи семејства. Од епидемиолошки аспект пристапот таму останува ист“, рече Филипче

Од друга страна пак, вели дека охрабрува фактот што добар дел од дијагностицираните се во изолација и е откриен кластерот на вирусот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.