Published: Monday, October 28, 2013 14:53
Експерти од канцеларијата на Омбудсман го посетиле новинарот Томислав Кежаровски, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор во Шутка.
Детали од посетата на Народниот правобранител, кој оваа посета ја направи по барање на Здружението на новинари кое побара поголем ангажман околу случајот Кежаровски, не се соопштуваат.
Дознаваме дека попладнево за состојбата на Кежаровски службите на Правобранителот ќе ја известат неговата сопруга Марина Кежаровска.
Томислав Кежаровски, осуден на затворска казна во времетраење од четири и пол години, поради објавување на идентитет на заштитен сведок.




