Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Провокативен потег забранет според меѓународното право

0
By Нова ТВ on August 29, 2017 СВЕТ
Предупредување до жителите на Јопнија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експертите сметаат дека најновото лансирање ракета од Северна Кореја, која прелета преку северниот дел на Јапонија и се распадна во Тихиот океан кај островот Хокаидо претставува досега најголема провокација од Пјонгјанг.

И претходно Пјонгјанг лансираше ракети преку Јапонија за кои тврдеа дека носеле сателити, но не и овој пат. Последен пат, според Ројтерс тоа било во 2009 година. Северна Кореја оваа година изведе 13 пробни лансирања на ракети и се проценува дека до 2021 година Пјонгјанг би можел да има атомски проектили.

Според стручњаците, ракетата за која се верува дека е „хвасонг 12„, осмислена е да носи голем нуклеарен товар од среден распон.

-Ова е исклучително храбар и провокативен потег кој е забранет според меѓународното право, изјави за Би Би Си Џон парк од школата Харвард Кенеди.

Поранешниот американски амбасадор во источна Азија Кристофер Хил, кој беше и преговарач со Северна Кореја, најновиот потег го нарече најсериозно лансирање.

Само неколку часа по лансирањето, Јужна Кореја по наредба на претседателот, одржа воена вежба со авионско бомбардирање.

Четири борбени авиони Ф-15К фрлиле мултифункционални бомби МК84 на полигон недалеку од границата на двете Кореи во Таебек, објави агенцијата Јонхап.

Ракетата што утрово беше ландирана е од регион во близина на Пјонгјанг, околу 6 часот наутро ло локално време, летала околу 2.700 километри и достигнала висина од 550 километри.

Системот за предупредување на јапонската влада Ј- алерт ги советувал жителите од областа да преземе мерки на внимателност, но телевизијата НХК јави дека нема знаци на штети.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да го заштити јапонскиот народ. Телефонски разговарал со американскиот претседател Трамп при што се договориле да се изврши поголем притисок врз Северна Кореја.

Амбасадорот на Северна Кореја во ОН, Ја Сонг Нам порача дека САД треба да очекуваат „катастрофални последици“, доколку продолжат со острата реторика. Тој оцени дека Северна Кореја има право да ги тестира своите ракети.

Генералниот секретар на јапонската влада, Јошиде Суга изјави дека последното лансирање од страна на Пјонгјанг е закана на која Токио остро ќе одговори.

-Најновото ракетно лансирање од страна на Северна Кореја претставува огромна закана без преседан за јапонската безбедност. Исто така е закана и за мирот на азиско-пацифичкиот регион, изјави Јошиде Суга, генерален секретар на Владата на Јапонија.

Шефот на меѓународниот комитет на советот на Руската Федерација, Константин Косачов смета дека најновиот ракетен тест на Северна Кореја не е блеф и дека неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност на ОН која се однесува на ракетната програма на Северна Кореја не ја постигнала својата цел.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека на маса се сите опции како одговор на потегот на Пјонгјанг.

-Светот ја прими последната порака од Северна Кореја јасно и гласно: Тој режим покажа презир кон соседите, кон сите членки на ОН и кон минимум стандардите за прифатливо меѓународно однесување, се вели во соопштението од Белата куќа.

Според него, заканите и дестабилизирачките акции само ја зголемуваат изолацијата на севернокорјскиот режим во регионот и меѓу сите држави во светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.