Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Што го отежнуваше гаснењето на пожарот во Нотр Дам

0
By Нова ТВ on April 16, 2019 ВЕСТИ
Rojters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 16, 2019 14:19

Со векови старите дрвени греди на покривот, каменот од надворешната страна од катедралата и готската архитектура значително го отежнувале гаснењето на пожарот во Нотр Дам, тврдат експерти.

Според нив, париските пожарникари заслужуваат пофалба за своите напори.

Како што објаснува Си Ен Ен, за време на пожарот уништени се централната шилеста кула и поголем дел од покривот на, со векови старата катедрала во Париз, но две камбанарии и главната конструкција се зачувани.

Околу 400 пожарникари со часови го гаселе пожарот со вода, која бил испумпувана од реката Сена, додека беспилотни летала ја надгледувале причинетата штета.

Меѓутоа, според проценката на експертите, најголем проблем било да се пристапи до дрвените греди на покривот, кои ја сочинуваат конструкцијата.

Кога гредите почнале да горат, надворешноста на катедралата, која е од камен, им отежнувала на пожарникарите кои биле надвор од објектот да пријдат до изворот на пожарот.

Имено, каменот ги задржува топлината и чадот, што ги спречувало да работат внатре во црквата.

Проблем претставувала и висината на Нотр Дам, бидејќи поради неа внатре во самата структура имало многу кислород кој го разгорувал огнот и им правел проблеми на обидите да се стигне до изворот на пожарот.

Си Ен Ен напоменува и дека гаснењето на огнот по воздушен пат, како што предложил американскиот претседател Доналд Трамп, не било реално.

Според зборовите на професорот од колеџот во Њујорк, Глен Корберт, ниту еден пилот не би можел да исфрли вода точно на тоа едно место, доколку се движи неколку стотици километри на час.

Француската агенција за цивилна безбедност наведува дека какво било гаснење со вода од воздух би можело да ја „ослабне структурата на Нотр Дам и да доведе до колатерална штета на зградите кои се наоѓаат во близина“.

– Во првите 20 минути било повеќе од очевидно дека тоа ќе биде катастрофален пожар, изјави поранешниот пожарникар во службата во Сент Луис во САД, Грег Фавре.

Тој додаде дека фактот оти пожарникарите успеале да го стават огнот под контрола и да спасат голем дел од зградата, вклучувајќи ги и двете камбанерии, укажува на огромен напор.

По девет часа борба, рано изутринава околу три часот француските пожарникари успеаја да го локализираат пожарот, кој целосно е изгаснат неколку часа подоцна.

Светот во шок за Нотр Дам: Градена 100 години, уништена за неколку минути

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.