Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Судството да се засили со истражители, да се најде начин да се осамостои

0
By Marija Todorovska on May 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 22, 2024 14:15

„Политиката треба да се откаже од своето влијание врз судството за тоа да станува независно, да биде поефикасно и потранспарентно“.

Ова е заклучокот од изјавите на правните експерти со кои контактираше „Фронтлајн“.

Гордан Калајџиев

– Судството треба да се засили со истражители и да најде начин да се осамостои! За тоа требаат нови лидери. Да се откажат од влијанија и работите одма ќе тргнат на подобро. Да заборават на тоа дека имаат право да даваат претседатели на судови или обвинители. Тоа е како кај секоја диета: прво се откажуваш од колачиња… Исто така ни недостасува добра меѓународна соработка, изјави за „Фронтлајн“, Гордан Калајџиев – професорот по кривично право.

Јасмин Калач - адвокат
Јасмин Калач – адвокат

Адвокатот Јасмин Калач за „Фронтлајн“ вели дека основата на судската независност е материјалната и суштинската независност на судијата.

– Тоа значи дека судијата е подреден само на законот и дека неговото судење и одлучување зависи исклучиво од тоа како судијата го разбира законот, односно како ќе го примени законот на конкретно утврдена фактичка состојба. Со тоа се создава ексклузивен триаголник составен од судијата, граѓаните и законот, во кој никој не може да влезе, освен повисокиот суд во постапката по правни лекови. Таквата независност на судиите им гарантира слобода на совеста, овозможува еднаквост на граѓаните пред законот и го отелотворува принципот на Аристотел дека „да се оди кај судијата значи да се оди пред правдата“. Секако дека високата плата на еден судија може да го овозможи тоа, но тука не смееме да ја заборавиме и судската администрација која исто така заслужува далеку поголеми плати, изјави нашиот соговорник.

Дополнително, додава тој, за создавање на независно и транспарентно судство и владеење на правото кај нас, потребно е утврдување на одговорност и високи казни од страна на органите на прогонот за секој оној судија за кого ќе се докаже дека „згрешил пред законот“.

– Со тоа ќе се прати порака во јавноста дека сите сме еднакви пред законот и дека никој не е над него, дури ни судиите, подвлече тој.

40 препораки од ЕУ за судството

40 препораки за тоа како да се подобри ситуацијата – содржи извештајот на Оценската мисија на Европската Унија која го скенираше функционирањето на Судскиот совет – тело клучно за градење независно и професионално судство.

Од 40 препораки 17 може на краток рок да се импелементираат – и се однесуваат на унапредувањето на судиите и на транспарентноста. За останатите 23 препораки неопходни се уставни или законски измени и тие ги опфаќаат прашањата кој се може да биде член на Судскиот совет, колкав треба да биде мандатот на членовите на ова тело…

Неповратна инвестиција!

Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“, изјави минатата година, амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер.

– Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција. Сепак, на крајот на краиштата, системската корупција во целата земја во сите сектори подиректно им наштетува на луѓето во Северна Македонија отколку нам. Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии постапки се транспарентни и ви служат вам – на граѓаните. Тоа е камен – темелник на фер и функционална демократија. На тоа треба да се фокусира владата, без разлика на тоа која партија е на власт. Судството мора да биде независна, целосно финансирана и неполитичка гранка на власта. Политичките лидери треба да го сакаат тоа, а вие граѓаните треба да го барате, вели Агелер.

 

Врховен судија фатен со 10.000 евра мито

Врховниот судија Наќе Георгиев неделава заврши во притвор откако полицијата го фатила на дело како прима поткуп од 10.000 евра, а Судскиот совет му го одзеде имунитетот.

Обвинител од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против него и против членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети води истрага за делото примање награда за противзаконито влијание, за кое според Кривичниот законик може да добијат од една до 10 години затвор.

– По претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, вчера, во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија. Врз основа на доставеното известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 од КЗ. Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание, лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред ОЈО ГОКК и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот, соопшти ЈО.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.