Експерти кои ги побара Јавното обвинтелство од Европската Унија за случаите околу аферата со прислушувањето, нема да можат да даваат конкретни насоки за текот на истрагата,
“Експертите би биле во тек со работата над предметите поврзани со актуелните случувања, но без да даваат конкретни насоки за текот на истрагата, како и за донесување јавнообвинителски одлуки. Меѓународните експерти ќе бидат во тек со работата на надлежните обвинители по предметите во поглед на објективноста и непристрасноста во постапувањето и примена на стандардите“, изјавија за Алсат од Јавното обвинителство.
Одговор од институциите на ЕУ се уште не е пристигнат. Делегацијата на ЕУ во Скопје нема одговор на прашањето како ќе се одговори на барањето на обвинителството. Според нив тој одговор треба да биде даден од институциите на ЕУ во Брисел каде што било испратено барањето.




