Околу 200 експерти денеска и утре разговараат во Женева за можноста за употреба на експериментални методи во лекување на вирусот на ебола, кој се шири во западна Африка и им се заканува на повеќе од 20 000 луѓе.
Експертите заседаваат во еден хотел во близина на пристаништето, каде зад затворени врати ќе ги анализираат можностите за производство и користење на експериментални лекови, објави Светската здравствена организација.
Меѓу стручњаците има и политички лидери од загрозените региони, експерти за етика, лекари, научници, правници и претставници на пациентите, објави СЗО.
Според последните податоци од СЗО, до сега во светот од ебола умреле 1900 луѓе, од 3500 заразени.