Берлин: Силна експлозија во зграда во германскиот главен град се случила на приземјето од станбена зграда во населбата Хај-Дек-Зидлунг во квартот Нојкелн во Берлин.
Експлозијата предизвика пожар кој брзо се прошири во зградата, а густ чад ги исполнил скалите.
Се случила во стан на приземјето од станбената зграда. Маж кој живее таму претрпел сериозни повреди на главата, но неговиот живот е надвор од опасност, јави полицијата.
Повеќе од 45 други лица претрпеа полесни повреди од вдишување чад, а 15 биле однесени во болница, објави „Тагес Шпигел“.
Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнаанле местото на настанот. Шесткатната зграда е евакуирана.
Германските медиуми објавија дека за време на гаснењето на пожарот се случиле дополнителни експлозии, но полицијата сè уште не ги потврдила ниту негирала овие наводи.
Експертите од Институтот за кривични истраги ја истражуваат причината за експлозијата, а на местото на настанот се испратени и истражители за експлозиви.