Најмалку тројца загинати и 79 се исчезнати кога гас експлодирал во станбена зграда во Магниторск во јужен Урал, пренесуваат руските медиуми. Како што соопшти Mинистерството за вoнредни ситуации, регионот Чељабинск, шест луѓе се извлечени од урнатините, тројца се повредени, вклучително и дете.
Според првичните информации, главна причина за несреќата е експлозија на гас, која довела до уривање на влезот на зградата.
Во акцијата за спасување ангажирани се 469 луѓе. Заменик регионалниот гувернер Олег Климов рекол дека судбината на 79 луѓе засега не е позната.
Руската министерка за здравство Вероника Скворцова се упатила кон местото на несреќата по наредба на претседателот Путин.
Руските медиуми наведуваат дека во прашање е зграда од 10 ката и дека експлозијата одекнала околу 4 часот утрото по локално време. Во зградата живееле 110 луѓе во 48 станови.




