Неисправна плинска боца била причината за експлозијата на кинески ресторан во центарот на Софија, во која биле повредени 11 лица, соопшти бугарското МВР.
Експлозијата се случила откако истекол гас од неисправна плинска боца, а веднаш потоа експлодирале и неколку други боци во објектот, пренесува Макфакс.
Покрај повредените лица, во несреќата била причинета и материјална штета, а биле оштетени и два автомобилa кои се наоѓале на паркингот од ресторан.