Индијскиот министер за одбрана А.К. Ентони изјави дека имало загинати во подморницата која се запали и потона во пристаништето во Мумбаи.
Тој не прецизира колку луѓе го загубија животот. Индијската подморница од руско производство со 18 членови на екипажот се запали и експлодира, а причината за несреќата се уште не е позната.
Шеснаесетгодишната подморница неодамна се вратила од Русија каде што била на поправка.