Се утврдува материјалната штета настаната по експлозијата што се случи вчера попладнето во магацинот на Сумбро Треид дооел, поранешен „Сувенир“ во Самоков.
Како што јави Дирекцијата за заштита и спасување експлодирал сув барут, а нема повредени лица.
По првата експлозија набрзо настанале и две помали поврзани експлозии.
Вработените од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со противпожарните екипи и полицијата ја обезбедат локацијата до понатамошна интервенција.