Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстерното тестирање причина за кавга меѓу ЛП и ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on May 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Несериозно е политичари и политички партии, кои со ништо досега немаат придонесено за подобрување на квалитетот на македонското образование, сакајќи да се наметнат на јавноста, да ги критикуваат реформите кои влијаат на подобрување на обазованието, одговори ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од Либералната партија (ЛП), во кое либералите го оценија екстерното тестирање на учениците како промашување.

„Неаргументираната критика на оваа реформа зборува само дека не им е ни најмалку важен квалитетот на образовниот процес, туку само добивање дневно-политички поени на сметка на учениците и наставниот кадар“, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија смета и дека со екстерното тестирање, кое годинава ќе се спроведе во сите училишта од 27.05 до 10.06, ќе се стави крај на необјективното оценување на дел од наставниците, но и дека „ќе се намали притисокот и уцените врз просветните работници од некои родители кои бараат повисоки оценки за нивните деца“.

Либералната партија, пак, ова го смета како признание дека Министерството за образование и наука не е во состојба да искорени поединечни слабости во оценувањето и својот неуспех го алиментира со екстерното тестирање, трауматизирајќи цела генерација основци и средношколци, нивните родители и наставниот кадар.

„Потсетуваме дека со спроведувањето на екстерното испитување, Министерството за образование и наука признава дека не е во состојба редовно да ја следи успешноста на наставниот процес. Тоа е внатрешен проблем на министерството, а не на учениците и наставниците, а поддржувајќи го екстерното тестирање, ВМРО-ДПМНЕ ја признава неуспешноста на сопствените реформи во образованието“, вели ЛП.

Партијата понатаму препорачува ВМРО-ДПМНЕ да бара “решение за проблемите што ги создаде согласно својата програма, наместо за нив да бара алиби во цела генерација ученици и нивните родители, наставници, педагози или во Либералната партија“, сметаат либералите и уште еднаш повикуваат да се прекине проверувањето на знаењето на учениците од основното и средното образование по пат на екстерно испитување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.