Министерот за образование Панче Кралев констетира дека екстерното се одвива непрекинато но, се појавуваат одредени технички проблеми.
Тимовите на министерството се на терен.
Денеска се полага по предметот математика и овој прв ден, тестирањето е најмасовно.
Покрај техничките проблеми како немање компјутер за секое дете, учениците за НОВА изјавуваат дека во тестовите имало прашања од наставната програма кои се уште не им биле предавани.
Падна системот за екстерно во дел од училиштата
НОВА веќе објави дека технички проблеми имало во училиштата „Лазо Трповски“, „Љубен Лапе“, „Никола Карев“ и други.
Наскоро следува целосниот прилог на НОВА.