Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еквадор им дозволи на шведските власти да го испитуваат Асанж

0
By Нова ТВ on August 11, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еквадор синоќа соопшти дека ќе дозволи шведската влада да го испита основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој од 2012 година се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон.

Министерството за надворешни работи на Еквадор објави дека во следните недели ќе бидат прецизирани процедурите за испитувањето на Асанж во амбасадата во Лондон и тогаш ќе се одржи состанокот.

Барањето на Шведска за испитувањето беше доставено уште во јуни.

Асанж во вторникот поднесе жалба на одлуката на окружниот суд во Стокхолм, кој го потврди налогот за негово апсење поради наводните кривични дела за силување и сексуално вознемирување, кои тој ги негира.

Обвинителите во Шведска сакаат да го испитаат Асанж за наводите на две поранешни волонтерки во „Викиликс“. Одбраната на Асанж бара налогот за апсење да се повлече, укажувајќи дека според шведскиот кривичен закон, обвинителството треба да ги истражи околностите на настанот во што е можен пократок рок, а финансиските и штетите на угледот на обвинетиот да бидат сведени на минимум.

Две Швеѓанки го обвинија Асанж дека сексуално ги вознемирувал, но официјално обвинение против него не е подигнато.

Во 2010 година, властите на Шведска побараа апсење и екстрадиција на Асанж. Британскиот суд во 2011 година донесе одлука Асанж да и биде испорачан на Шведска, по што тој побара засолниште во амбасадата на Еквадор.

 

Асанж Викиликс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.