Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Елегија за една канализација

28
By Биљана Секуловска on September 2, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 2, 2017 10:28

Веднаш да кажам, да соопштам, пред некој да се осмели да ме спречи. На следните избори секако дека ќе гласам за Груевски. За месец и пол, на локалните избори, Груевски ќе го добие мојот глас, затоа што тоа е гласот за канализацијата која секогаш се покажува неопходна за одржување на човештвото. Чекајте, полека, никого не сакам да навредам, ниту да промовирам вулгарност и недоличен говор, тука се работи навистина за политички проект, кој има тежина како една планина- но, канализациска.

Тоа не е само обична канализација за која Груевски говори деновиве, со страст и полет, не, тоа е повеќе од некоја банална локална непогода,  на која решил тој да и се посвети, се до последниот здив, затоа што, каква незгода, само тоа и му остана, само тоа го крепи, само на тоа се радува, само во тоа ја утопува својата политичка тага.

Како некој заборавен алкохоличар, кој со прстот ги собира последните капки, ја зема и собира силата од тие капки распослани на шанкот, токму така, спасот на канализацијата, стана спас за Груевски. Затоа, нека и се радува, нека ја негува, нека ја мери и премерува, нека се нурне во длабочините, оттаму може само да се достигне до целта.

Тоа е епилогот од една политичка канализација секако, иако неговите амбиции се многу посложени, подлабински, тој навистина јурнува наутро, откако ќе запече првото сонце, се облекува важно и го прочистува гласот.

Има да соопшти радосна вест- пред него е канализацијата за која тој се грижи како да му е судбина, најмило, прва куќа запишана како пресврт во кариерата, соопштена со длабок и тивок глас од астролозите, никој да не чуе, да не му ја преземе, да не сака да си ја присвои.

Не, таа е негова, тоа е неговиот пат, му вели гласот во главата, таму ќе се движиш, ќе се освежиш, ќе оживееш повторно.

Во најголема тајност, за која засега знаеме само јас и тој, се шмирглаат златни канализациски решетки на улиците низ селото Црешево, што особено ќе побуди восхит кај селаните од овој крај, но за што, кутрите тие, не се ни свесни.

Овие луѓе непознати за сите нас, крајно скромни, што само особи како Груевски сметаат дека се граничи со патетика, значи овие луѓе очекуваат обични пластични цевки, некој алуминиум попат можеби, ако дозволи негуваната рака на Груевски, која, каков пех, таа мисли огорчено, сега пред себе има да решава само канализациски потреби.

Таа, незадоволна од господарот- рака, сега мора да внимава на растрошноста, откако масажерите на Мерцедесот и останатите негови  навики за кои знаат само неговите политички близнаци- африканските диктатори, доживееја дебакл.

Кога ќе помислиме јас и тој на неговата канализација, најмногу ме разлутуваат критиките и нападите кон Груевски, тогаш кога доаѓаат од неговите политички опоненти, од критичарите и незадоволните.

Во оваа земја има многу села, населби, градови, каде десетте години на владеење на Груевски не донесоа барем една решетка, цевка, шрафче за една чесна, човечка, достоинствена канализација.

Во тоа име, ве повикувам сите да гласаме за Груевски, да гласаме за иднината, за која само една поетска реч, тивко опеана елегија, може да ја возвиши таа канализација, о, колку моќно звучи тој крај, тој политички крај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.