Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Електронската картичка неупотреблива без здравствена книшка

0
By Менче Атанасова Точи on May 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 5, 2013 17:03


Сите граѓани кои се здравствено осигурани до крајот на идниот месец треба имаат електронски здравствени картички бидејќи започнува нивната примена во праксата. Овие картички ќе ги заменат сините картони за лекарот да знае дали пациентот е здравствено осигуран или не, а не како што беше претходно предвидено да го содржат медицинското досие на секого.

Досега електронски картички добија само вработените во државните инситуции. Граѓаните велат дека не се многу заинтересирани за овој проект.

-Немам електронска картичка и немам намера да купам, бидејќи едно се кажува, а друго се прави вели една скопјанка.

Во Здружението на приватните лекари велат дека иако лекарите располагаат со читачи во своите ординации, проектот електронска здравствена картичка допрва треба да се тестира и да се анализира.

-На овој проект му треба време и мислам дека цела наредна година треба да се тестира за да се види како ќе функционира во праксата изјави Лилјана Чолакова Дервишова претседател на Здружението.

Иако беше предвидено да бидат бесплатни граѓаните картичките си ги купуваат самите, по 250 денари за секој член од семејството. Пензионерите и невработените за картичка треба да платат 100 денари. Во буџетот само за оваа намена од граѓаните ќе се соберат од шест до осум милиони евра. Досега се испечатени околу 700 000 картички што е третина од потребите во државата, а печатењето оди бавно.

Елекронските здравствени картички во државата се највуваат повеќе од една деценија. Во последните две години проектот доби друга димензија. Парите кои беа предвидени за оваа намена ги снема со ланскиот ребаланс на буџетот, а за годинава не се предвидени нови средства. Во нив не е предвидена база на податоци за болеста на пациентот, како што е секаде во свет со што картичките ја губат смислата на своето постоење велат експертите.

Заедно со електронската картичка пациентите треба да покажат и здравствена легитимација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.