Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Елвис Бајрам е на боледување, на митинзи оди во придружба на лекар

0
By Нова ТВ on October 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 12, 2017 13:41

Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, откако пред десет дена беше претепан во Шутка не доаѓа на работа во општината. Тој земал боледување, но сепак собира сили за да оди на митинзи. Пред два дена, Елвис Бајрам, со завој на главата се појави на централниот митинг Шуто Оризари, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и кандидатот за градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Кога денеска го побаравме градоначалникот Елвис Бајрам во општината оттаму ни одговорија:

„Градоначалникот е на боледување“.

На нашето прашање: „Како на боледување, кога завчера беше на митинг?

Од општината рекоа: „Па го видовте ли лекарот, цело време беше до него“

На митингот во Шуто Оризари, Бајрам ги повика своите сожители да гласаат за него и за ВМРО ДПМНЕ и ги предупреди дека ако другите дојдат на власт, може и нив како и него да ги тепаат.

,,Најпрво сакам да ги повикам нашите Роми кои што живеат во општина Шуто Оризари да сфатат дека наспроти паролата на СДСМ  „живот доаѓа во Македонија“, животот не е дојден.  Јас сакам да ги прашам сите дали животот доаѓа со вакви последици како што ми се случија на мене?  Дали животот е тоа што треба да ме тепа и удира некој од нивна страна?“-рече од говорницата Бајрам.

Градоначалникот на Шуто Оризари, на 2. октомври бил нападнат и повреден додека одржувал средби со граѓаните како дел од предизборната кампања. Беше одвезен во Градската општа болница „8-ми септември“, каде му била констатирана осекотина од 8 сантиметри која била сошиена, немал скршеници, немал потрес и други повреди.

Неговиот татко Амди Бајрам се пожали на лошиот третман на неговиот син, градоначалникот Елвис Бајрам, и иако требало да остане уште неколку денови во болницата, тој го зел на домашно лекување, плашејќи се да не го отрујат.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека се поднесени кривични пријави за нарушување на јавниот ред и мир против осум лица меѓу кои е и Елвис Бајрам.

Амди Бајрам ги обвини СДСМ, пратеникот Курто Дудуш и Неждет Мустафа дека биле нарачатели на нападот врз неговиот син.

За инцидентот Амди Бајрам рече дека ќе бара оставка од Спасовски, бидејќи обвини за политичка монтажа и обид за убиство на неговиот син.

„Барав демократски и фер избори. Министерот вети дека нема да се гледа страна, но тоа не се случи. Тој е министер на сите граѓани, а не само на СДСМ. Лага е дека Елвис Бајрам со шест луѓе ги нападнал. Не нападнал Елвис. Министерот не си ја знае својата должност и според мене, целото сценарио е негово. Излегува и обвинува дека Елвис предизвикал општа тепачка, а тој бил нападнат со секири и шипки“, изјави Амди Бајрам.

Елвис Бајрам е два мандата на чело на општината, како кадар на Сојуз на Ромите, партија која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. И на претстојните избори тој повторно се кандидираше за градоначалник на Шуто Оризари.

 

Амди Бајрам Елвис Бајрам Курто Дудуш локални избори 2017 Сојуз на Ромите тепачка Шутка Шуто Оризари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.