Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека ја одобрува вакцината против мајмунски сипаници произведена од компанијата „Бавариан Нордик“.
Оваа агенција изјави дека препораките за одобрување вакцини ги базира на студии на животни, пренесува АП.
По препораката од ЕМА сега на потег е Европската комисија која треба и официјално да ја одобри оваа вакцина.