Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Емил Кирјас: Да се дебатира како да се организираат изборите, а не кога

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2020 18:29

Автор: Емил Кирјас, основач на „Кирјас Глобал“ и потпретседател на Либералната Интернационала

Одлагањето на проблемите чини многу повеќе отколку соочувањето со нив и нивното решавање. Токму тоа на најболен начин го дознаваат нациите чии демократски лидери беа колебливи во справувањето со здравствените предизвици од корона вирусот, говорејќи дека можеби е добро да се почека или дека нема потреба до брза и одлучна реакција. Во Велика Британија, колебливоста на премиерот Борис Џонсон навремено да се справи со пандемијата самиот за малку ќе ја платеше со својот живот, а нацијата оваа недела ќе го преземе тажниот примат по бројот на починати од Ковид-19 во Европа.

Светот се соочува со здравствена криза без преседан во помодерната историја. Запирањето на економската активност и меѓународната размена водат кон економска криза која никој не може целосно да ја предвиди, бидејќи едноставно никој не ни замислувал дека целата планета може паралелно да запре на неколку недели или месеци. Економската криза неминовно ќе биде проследена со тектонски политички поместувања. Пукнатините на геополитичката карта на светот веќе се надѕираат, а заострената политичка реторика и страстите се повеќе се изразени.

Македонија не е имуна на светските текови. Ниедна земја не е. Тоа што се случува во светот се пресликува во македонскиот микрокосмос и здравствено и економски. Дополнително, Македонија се соочува и со правно-политички проблем: изборниот процес е започнат, привремено е замрзнат и треба да се заврши веднаш штом се створат условите според наоѓањето на здравствените власти. Состојбата е неодржлива и не може вештачки да одолговлекува со месеци.

Маските за лице, социјалната или физичката дистанца, мерките за претпазливост и зголемената хигиена ќе бидат новата реалност на која ќе мора да се привикнеме среднорочно. Сите и насекаде. Таа реалност е општоприфатена бидејќи здравјето и животот се на прво место – мора да се сочуваат и да се спасат.

Истоветно, мора и слободата и демократијата да се сочуваат и да се спасат. Македонија има искуства со неотчетна влада и со одлагања на решавање на правно-политички проблеми кои не смее да се повторат. Секое нивно повторување значи уназадување на земјата и уништени човечки животи, можеби уште посмртоносни во билансот од Ковид-19. Затоа, прашањето пред кое е исправена земјата НЕ е ДАЛИ треба да се одржат изборите кога ќе заврши вонредната состојба предизвикана од зравствената пандемија, туку КАКО ќе се одржат.

Токму за тоа треба да се води конструктивна дебата во наредниве неколку недели. Креативноста на политичките структури, на академската заедница и на граѓанскиот сектор треба да се насочи кон усогласување систем во согласност „новата реалност“ кој е демократски, отворен и транспарентен, во кој идеите на сите ќе можат да бидат претставени поеднакво и оценети од гласачите кои ќе одлучат со својот глас кому ќе му ја дадат довербата да ја предводи земјата низ турбулентниот период кој следи. Треба да се понудат идеи и да се погледнат искуства за да системот биде безбеден и одржлив, да се делува одлучно и превентивно да се определат ресурси.

Токму пред 2 недели, светските медиуми, а и македонските, пренесоа за изборите во Јужна Кореја (демократската држава на југот на полуостровот) кои се одржаа на 15 април. Соочени со предизвикот од новиот корона вирус, Корејците одлучија да ги одржат изборите прилагодувајќи се на новите околности. Велат дека ниту постојаната закана од нуклеарна војна со диктаторот од северот на полуостровот не ги поколебува Корејците од Југот да се бидат истрајни во градењето на својот демократски систем, токму како одговор на смртоносниот комунистичко-тоталитаристички систем на Северот.

За априлските избори, Корејците го сменија начинот на водење на политичка кампања во последните недели и се прилагодија на новите услови. На денот на гласањето мирно, организирано, на дистанца, со маски и дезинфикатори, со зголемени заштитни мерки следејќи ги препораките на здравствените власти го искористија своето право на глас. Посебни станици и во вонредни услови беа обезбедени за болните од Ковид-19 или позитивните на корона вирусот. Никому не му беше ускратено правото на глас.

Со организирањето на изборите на 15 април Јужна Кореја не ја загрози туку ја зацврсти својата политичка стабилност. Новоизбраната влада во Сеул веќе се подготвува за новиот економски предизвик пост-Ковид-19 кој и се заканува на Јужна Кореја, подеднакво како и на Македонија и на сите земји во светот.

Здравствениот предизвик од Ковид-19, навремената реакција на македонските здравствени власти и одговорното однесување на граѓаните се добра поука кое влева самодоверба. Токму поучени од тој позитивен пример не треба се повторуваат сопствените грешки на колебливоста од минатото или современите лоши примери на некои наши пријатели.

Добро е и важно е да се анализира и критикува, важно е да се мисли различно, но за да се успее во надминувањето на предизвиците е важно да се работи напорно и да се има самодоверба. На Македонија и е потребен внатрешен поттик и самодоверба дека може како нација навремено и одлучно да се справи со предизвиците од надоаѓачкото цунами. Во тоа Македонија нема да биде сама, ќе може да се потпре на своите пријатели и сојузници во ЕУ и НАТО, но сепак ќе мора да стои на сопствени нозе.

Ако можеа Корејците да се организираат на сред пандемија да имаат избори, да си ја зацврстат политичката стабилност, притоа да имаат рекордна мотивираност и излезност на гласачите, и да се потврди дека спроведениот процес е без зголемување на заразата, тоа е можно и во Македонија.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.