По победата над Карлос Суарез Наваро со 6-0, 6-0, американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во полуфиналето на „US Open“. Во машка конкуренција Британецот Енди Мареј продолжува во четвртфиналето.
Најдобрата тенисерка во светот, Американката Серена Вилијам се пласираше во полуфиналето на американскиот Гренд Слем. Следната противничка на помладите од сестрите Вилијамс ќе биде кинеската тенисерка Ли На која пак ја победи Екатерина Макарова од Русија со 6-4, 6-7, 6-2. За другиот полуфинален меч ќе одлучуваат тенисерките во преостанатите два меча од четврфиналето, првиот помеѓу Роберта Винчи и Флавија Пенета од Италија, додека во вториот се среќаваат Викторија Азаренка од Белорусија и Даниела Хантукова од Словачка.
Кај мажите, Британецот Енди Мареј се пласираше во четвртфиналето по победата над Денис Истомин од Узбекистан со резултат 6-7, 6-1, 6-4, 6-4. Противник на Мареј во четвртфиналето на последниот Гренд Слем турнир во сезоната, ќе биде Швајцарецот Станислас Вавринка кој претходно го победи Томаш Бердих од Чешка со 3-6, 6-1, 7-6, 6-2.
Светскиот рекет број 1, Новак Џоковиќ исто така се пласираше во четвртфиналето со ефикасната победата над Шпанецот Марсел Граноље со резултат 6-3, 6-0, 6-0. За влез во полуфиналето Србинот ќе се натпреварува со Русинот Микаел Јужни кој претходно го совлада Лејтон Хјуит.
Вчера, српската тенисерка Ана Ивановиќ во четвртото коло од турнирот загуби со 6-4, 3-6, 4-6 од Азаренка.