Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енигма:Зошто се повлечени осум серии на лекот Мабтера од Хематологија?

0
By Менче Атанасова Точи on June 22, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 22, 2018 16:52

Од Клиниката за хематологија биле повлечени осум серии од лекот Мабтера од компанијата Рош,  од страна на дистрибутерот АД.Др.Пановски. Во документот до кој дојде НОВА , се вели дека барањето за повлекување на овие лекови е врз основа Решение на Агенцијата за лекови. Станува збор за лек во форма на концентрат во форма на инфузија од 50 мл и 10 мл наменет за пациенти болни од хронична лимфоцитна леукемија, хочкинов лимфом, ревматичен артритис и други тешки болести кој успешно се употребува многу години. Барањето за повлекување на лекот било испратено на 30 мај годинава.

Фирмата добавувач на лекот бараат од Хематологија да проверат колкава количина од наведените лекови е останата на клиниката, како би можеле да ги повлечат. Во исто време повлечените количини на лекови ќе бидат уредно заменети, се вели во дописот.

„Се надеваме дека ќе не сфатите дека мораме да постапиме согласно наведените решенија иако лековите се уредно набавени и во согласност за дистрибуција на серија“, се вели во известувањето до Клиниката за хематологија.

НОВА побара објаснување од раководството на Хематологија зошто се повлечени лековите и дали им биле давани на пациенти.  Од таму со одговор дека овој лек успешно се аплицира на оваа клиника од 2003 година. Но, признаваат дека извесни количини на лекот Мабтера се повлечени од диструбтерот „Др. Пановски“ без да одговорат дали повлечените серии се аплицирани на пациенти.

„Точно е дека веледрогеријата „Др Пановски“ со писмено известување, повикувајќи се на решенија на Агенцијата за лекови и медицински помагала, заради административни причини, побара повлекување на незначителна количина од посочениот лек која до тогаш ја имавме на залиха.  Во моментот, во рамки на согласноста за дистрибуција на серија, количините на лекот Мабтера неопходни за пациентите ги имаме на располагање во болничката аптека на ЈЗУ Клиника за хематологија“, се вели во одговорот од раководството на Клиниката за хематологија.

Кликнете за да се зголеми документот

За да дознаеме зошто е повлечен лекот и за колкави количини станува збор НОВА се обрати и до  Агенцијата за лекови(МАЛМЕД). По четири дена од таму стигна краток одговор со следната содржина:

„Во одговор на поставените прашања ве известуваме дека се работи за вонредна инспекциска контрола. Доколку по завршување на истата биде констатирана било каква неправилност што влијае на квалитетот на лекот ќе бидете известени како би можела и јавноста да биде запознаена со истото“, се вели во одговорот од МАЛМЕД.

Неајсно е зошто се повлекуваат осум серии од лекот ако немало неправилност.

Во претставништвото на компанијата Рош во Македонија велат дека не се запознаени со овој случај.

„Како носители на одобрението за пуштање во промет на лекот „MabThera“ во РМ, заклучно со денешен датум немаме добиено информација од страна на Агенцијата за Лекови на РМ дека е повлечена серија или серии од наведениот лек“, се вели во одговорот од претставништвото на Рош.

За јавноста, особено за пацинетите кои го користат овој лек остана нејасно зошто се повлечени лековите, имаат ли причина за загриженост болните, дали станува збор за сомнителни лекови или фалсификувани лекови, што е со пациентите кои го примале лекот.  Лекарите за НОВА коментираат дека Агенцијата за лекови, која тврди дека во вонредна инспекциска контрола го повлекла лекот, е должна на граѓаните да им објасни за што се работи и дали пациентите кои го примале лекот треба да стравуваат за своето здравје.

Инаку, компанијата дитрибутер на лекот е во сопстевност на таткото на директорката на Клиниката за хематологија, Др. Ирина Пановска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.