Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енормното загадување на воздухот ги преполни болниците со пациенти

0
By Менче Атанасова Точи on January 21, 2019 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Енормното загадување на воздухот ги наполни болниците и предизвика компликации кај хроничните болни, особено тие кои  страдаат од астма и хронични белодробни заболувања.  Клиниката за Пулмологија и алергологија е преполна и таму веќе нема слободни кревети. Директорот Дејан Докиќ  за НОВА потврди дека сите нови случаи се третираат амбулантски, а потешките кои се од Скопје доаѓаат да примаат терапија во дневна болница.

„Зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на гушење и влошување на здравствената состојба и тие се најчесто со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). На Клиниката нема веќе слободни кревети, пациентите кои доаѓаат ги третираме амбулантски, а потешките случаи преку дневна болница“, изјави за НОВА, проф.др. Дејан Докиќ директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Проф.др. Дејан Докиќ, директор на Клиника за пулмологија и алергологија

Доктор Докиќ препорачува да не се излегува од дома, ако веќемора да се излезе задолжително да се носат заштитни маски со хепа филтер, а  хроничните болни да ја примаат редовно терапијата.

Во  Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле дневно има по 100 прегледи. Во моментот таму се хоспитализирани 74 деца. Директорот Ангелчо Андоновски за НОВА потврди дека чести се пневмониите кај деца од други градови. Најмалиот пациент таму има само два месеца.

„Зачестени се пневмониите. Друга патологија се ларингити и опструкции на бронхиите.  Во момнетот има слободни кревети бидејќи тие што се подобрени одат во дневна болница. Најмалиот пациент е 2 месечно бебе“, изјави за НОВА Ангелчо Андоновски директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.

Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања во Козле

На Клиниката за Детски болести дневно се прегледуваат околу 30 деца во прва и околу 20- тина деца во  втора смена. Се работи за помал број на пациенти кои доаѓаат на Клиниката со приоритетни упати од матичните лекари.

„Во однос на патологијата, децата кои се прегледуваат се со респираторни и стомачни вируси кои се пратени со високи температури. За време на викенд, во период од 24 часа има околу 140 прегледи. На одделите на Клиниката се хоспитализирани 130 пациенти( капацитетот на Клиниката е 180) и околу 30 деца се третираат на Дневна болница“, велат на Клиниката за детски болести.

Слична ситуација е и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, каде што велат дека бројот е зголемен што соодвествува за овој период од годината.

Итната медицинска помош дневно има од 90 до 100 повици во едно деноноќие и тоа главно преку астматичари, инфаркти, мозочни удари, а преку викенд најчесто повредени од сообраќајни незгоди.

„ Кај нас не е зголемен бројот на повиците од оваа патологија веројатно затоа што луѓето одат директно во амбулантите или болниците или пак, си ја примаат хроничната терапија. Сепак, таму каде што интервенираме се работи за астматичари, инфаркти и мозочни удари’, изјави др. Ѓорѓи Карамановски од Итната медицинска помош.

Поради енормното загадување вчера Владата одлучи да го продолжи зимскиот распуст за учениците за уште два дена, а меѓу мерките кои ги стапија на сила од вчера е бесплатен јавен превоз за граѓаните во Скопје, зголемување на цената на паркинг местата, хроничните болни да не излегуваат од дома, а Град Скопје забрани градежни работи на отворено. Скопје викендов неславно се најде прв на листата по аерозагадување во светот, а енормно количество на ПМ10 честички регистрираа и мерните станици во Битола, Тетово и Струмица.

Владата и Град Скопје ги активираа мерките и препораките кои законски важат и стапуваат во сила кога два дена по ред е надминат  прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри т.е. надминување на вредноста од 188 микрограми на кубен метар.

Покрај препораките за користење на јавниот превоз, избегнување престој на  отворено, да не се горат штетни материјали и да се чистат оџаците, Град Скопје соопшти и дека во изминатиот месец обезбедил 572 прочистувачи на воздух за секоја училница во 23-те средни училишта под негова надлежност, за што се вложени околу 11 милиони денари.

Граѓаните денеска реагираат на една од мерките на Град Скопје со која за 100 проценти се зголемува цената на паркинг местата, поради загадениот воздух.

Оваа мерка не го одмина ниту Клиничкиот центар, каде на пациентите кои доаѓаат да се лекуваат поради истиот загаден воздух им се наплаќа двојно поголема сума за паркинг.

 

Приоритет на оваа Влада, пред да дојде на власт беше справување со загадениот воздух. Засега, граѓаните не видоа подобрување на состојбата, а државата постојано е во првите пет најзагадани во светот.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.