Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енрико Лета: Висококвалификуваните работници да се задржат во своите земји, наместо да емигрираат во посилните економии, како Франција и Германија

0
By Marija Todorovska on January 4, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Унија мора да ги промени своите правила за државно субвенционирање, но и да преземе мерките за запирање на одливот на мозоци и стручни кадри од посиромашните кон побогатите земји на ЕУ или кон трети држави, смета поранешниот италијанските премиер и актуелен претседател на Институтот „Жак Делор“, Енрико Лета.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Лета лани во септември беше назначен од страна на ЕУ да подготви извештај за состојбата на единствениот пазар на Унијата и најдоцна до март да го презентира пред лидерите на земјите членки на блокот.

Лета во интервју за „Политико“ посочува дека во својот извештај ќе се обиде на лидерите да им предложи „поглед на единствениот пазар на поинаков начин“ и со тоа да иницира дијалог за економијата на ЕУ во пресрет на европските избори во јуни годинава.

Според Лета, на единствениот европски пазар не може да се гледа само како на можност за слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе во рамките на ЕУ, туку и да се најде начин висококвалификуваните работници да се задржат во своите земји, наместо да емигрираат во посилните економии, како Франција и Германија.

– Досега го имавме единствениот пазар како слобода на движење. Тоа беше центарот на се. Но, би сакал да ја додадам и слободата да останам (дома), изјави Лета.

Тој потенцира дека од одливот на мозоци особено се погодени земји како Романија, Полска, Италија и Португалија.

Според него, исто така е потребна и реформа на правилата за доделување на државна помош, со цел да се гарантира дека владите со своите субвенции нема да фаворизираат одредени фирми, со што би се нарушила конкурентноста на пазарот.

Лета потсетува дека за време на ковид пандемијата и енергетската криза, ЕУ ги „олабави“ правилата за државно субвенционирање со цел да им помогне на домашните бизниси, но тоа предизвика реакции од помалите земји во блокот кои сметаат дека најмногу полза од овие промени имаат компаниите во помоќните економии, како што е германската.

– Државната помош е исклучок и таа мора да остане таква. Ни треба европска индустриска политика, а не национална фрагментација, смета Лета, додавајќи дека државните субвенции беа потребни во услови на „период на серија од кризи“, но клучно е да се сфати дека таквите мерки треба да бидат исклучок, а не правило.

Според податоците на Европската комисија, за време на ковид пандемијата и кризите иницирани од руската агресија врз Украина, во рамките на ЕУ е одобрена државна помош во износ од 760 милијарди евра. Од вкупната сума, дури 47,2 отсто од државната поддршка отпаѓа на Германија, 22,6 на Франција и 7,7 проценти на Италија, со што трите економски најмоќни земји во Унијата на своите бизниси им доделиле речиси четири петтини од вкупните субвенции во блокот.

– Тоа е навистина огромен показател дека политиката за државна помош мора да биде во суштината на дебатата на европско ниво, вели Лета во интервјуто.

 

Енрико Лета ЕУ субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.