Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ентони Скарамучи: Од банкар на Вол Стрит до гласноговорник на Трамп

2
By Нова ТВ on July 22, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Доналд Трамп предизвика турбуленција во својот Кабинет, назначувајќи го банкарот од Волстрит, Ентони Скарамучи, за директор за комуникации во Белата куќа.

Шон Спајсер, екс прес секретар

Секретарот за печат на Белата куќа, Шон Спајсер вчера поднесе оставка, наводно како одговор на овој потег, бидејќи токму тој делумно беше одговорен за оваа функција, откако претходниот Мајкл Дубке поднесе оставка во мај.

Што се знае за новиот гласноговорник на претседателот?

Прво, 52-годишниот Ентони Скарамучи, е долгогодишен поддржувач на Трамп со кого се познаваат со години. Како главен републикански донатор и основач на инвестициската компанија СкајБриџ Капитал, тој беше советник во претседателскиот тим за транзиција.

Скарамучи во моментов е заменик-претседател и главен шеф за стратегија во Експорт-импорт банка – владината агенција за кредитирање на извозот.

Тој на новата функција се очекува да стапи во август.

Со заминувањето на Спајсер, тој ќе работи со досегашната заменичка Сара Хакаби Сандерс – која сега ја презема функцијата прес секретар Белата куќа.

Во јануари 2017 година, инвеститорот од Вол Стрит се поврзуваше со функцијата директор на Канцеларијата за односи со јавност – каде би работел на врските на администрацијата со бизнис и политички заедници.

Но овој ангажман не се оствари поради компликации во врска со продажбата на неговиот удел во SkyBridge, односно долгата процедура на проверка за конфликт на интереси низ која тој требаше да помине.

„Новинар“ во Фокс Њуз

Скарамучи има прекар “Муч”, освен од поранешниот претседател Џорџ Буш, кој го нарекувал “Гучи Скарамучи”.

Банкарот за кого важи дека исклучително внимава на својот изглед и гардеробара, имаше и своја авторска емисија Вол Стрит вик, на Фокс Бизнис. Исто така, тој во повеќето настапи како експерт на Фокс њуз го бранеше претседателот Трамп.

Претставник на Белата куќа за Ројтерс изјави дека банкарот вчера наутро бил повикан од Трамп, му бил понуден ангажман, а овој го прифатил. На 30 минутната средба присустувале и ќерката на претседателот, Иванка Трамп.

На прес-конференцијата кратко време по неговото назначување, г-дин Скарамучи говореше за гласините за наводната нетрпеливост меѓу него и  шефот на Кабинет на Белата куќа, Ринс Прибус, истакнувајќи дека тој него го смета за “брат”.

-Ние сме како браќа, некогаш  сме груби еден кон друг – што е сосема нормално за братски однос, рече тој.

“Трамп е политичар без морален кредибилитет“

Г-дин Скарамучи, кој нагласува дека “го сака” претседателот, исто така, се осврна на еден непријатен момент од 2015 година, кога во емисија, Трамп го нарече ” политичар без морален кредибилтет”.

-Политичарите не сакаат да одат во Трамп, бидејќи тој има голема уста и тие се плашат дека ќе тој ќе се „излае“ на Фокс њуз, изјави тој.

Тоа не е единствениот непријатен момент на Скарамучи.

Во ноември 2016 година, кога беше заменик претседавач на претседателскиот комитет за инаугурација, тој изјави дека Сер Елтон Џон ќе настапи на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Портпаролот на пејачот го демантира тоа како “целосно невистинито”.

Во истото интервју, Скарамучи  рече дека е “активист за правата на хомосексуалците”, кој донирал за групата за про геј права American Unity PAC, и дека поддржува еднаквост на правото на брак.

Во 2010 година тој Њујорк Тајмс изјави: “Јас поддржувам хомосексуални бракови. Право на  избор. Јас сум  против смртната казна. Немам проблем со намерата на Владата ги зголеми даноците”.

Во јануари 2017 година, во интервју за списанието Њујорк  тој рече дека едно нешто што го сфатил за “луѓето во Вашингтон” е дека “немаат пари”.

Тоа е причината, според него, зошто тие се борат за место и за функција.

Семејни верски

Милионерот со диплома од Харвард е близок со најстариот син на Трамп, Доналд Јуниор, а ужива голема почит од Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, висок советник на претседателот.

Тој неодамна на Твитер застана во одбрана на Доналд Јуниор,  откако протекоа информации дека минатата година се сретнал со руската адвокатка за време на изборната кампања.

 

Скарамучи рече дека е “горд што го нарекуваат пријател”.

Еден од првите предизвици Скарамучи ќе бидат прашањата што се вртат околу наводните врски на администрацијата на Трамп со Русија и потенцијалното мешање на Кремљ на изборите во 2016 година.

И неговото име се појави во оваа приказна во сторија што на Си Ен Ен што подоцна беше повлечена. Во неа Скарамучи се споменува дека имал средба со руски инвеститор пред инаугурацијата на Трамп.

Тројца новинари на Си Ен Ен подоцна дадоа отказ поради оваа приказна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.