Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ентропија / Мејдеј на македонското новинарство

0
By Zoran Ivanov on January 6, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 6, 2026 09:27

Се самопрогласуваат за мерка на вредност, за арбитри на вистината, за последна инстанца на јавниот разум. А всушност, стануваат симбол на се она од што професијата требаше да не штити, од ароганција, агресивен говор, деградација на другиот. Новинарството не умира затоа што нема факти. Умира затоа што има премногу его.

Жанета Ќосе

Имам нетрпеливост кон неспособноста што се продава како авторитет.
Кон алчноста маскирана како принцип.
Кон луѓето што менуваат бои, но никогаш не менуваат навики.

Тажна сум. Не затоа што недостигаат информации – нив ги има повеќе од кога било.
Тажна сум затоа што недостига храброст.
Тажна сум поради луѓето што лошо си ја вршат работата, а имаат идеални услови. Дел од нив се школувале токму за таа работа. Некои можеби дури и ја сакале. А сепак – не ја работат.

Со години, од ден на ден, го гледам распаѓањето на професијата што требаше да биде коректив, а стана мегафон. Новинарството кај нас не умира со тресок, туку со самодоволна тишина, повремено прекинувана од самофалби, морални проповеди и лични војни маскирани како јавен интерес.

Сцената е секогаш иста. Се собираат новинари, уморни и изнервирани, испратени да „одработат“. Чекаат, пушат, пијат кафе или вода, зборуваат за се освен за она што треба да прашаат. Оние што одамна отупеле гледаат без интерес, ништо веќе не ги допира.

И потоа – не се појавува политичар.
Се појавува уредник.

Уредник што одамна престанал да биде филтер и станал актер.
Уредник што не прашува, туку пресудува.
Уредник што не анализира, туку војува.

Тој не ја гледа моќта како нешто што треба да се држи на дистанца, туку како огледало во кое се огледува сопствената важност. Секој текст е арена. Секоја колумна му е битка. Секој несогласувач е непријател. Јазикот е надуен, милитаризиран, самозаљубен. Не информира, туку понижува. Не аргументира, туку етикетира.

Но ова не е случајност.
Ова има мотив.

Мотивот не е јавниот интерес, туку личната суета.
Не е потрагата по вистината, туку потребата за доминација.
Медиумот станува продолжена рака на лични пресметки, уредничката позиција – алатка за одмазда, а јавниот простор – терен за демонстрација на сила. Папарачкиот пристап се продава како истражувачко новинарство, а режираните афери како храброст. Зад сето тоа не стои принцип, туку калкулација.

Тука е ентропијата на новинарството:
кога критиката се претвора во навреда,
кога ставот станува пресметка,
кога етиката се прогласува за слабост,
а агресијата за доблест.

Имаше време кога мислев дека се е политички. Ама не е.

Политички е да се спротивставиш на моќта таму каде што таа е.
Не е политички да удираш по луѓето.
Не е политички да водиш папарачка војна со јахти, снимки и смислени инсинуации, додека се претставуваш како последен бастион на моралот.

Постојат ситуации во кои зборовите стануваат излишни. Не секој чин е идеја, ниту секој судир е борба, некои се едноставно срам. Повлекувањето во таков момент не е бегство, туку исправање. Тишината тогаш не значи кукавичлук, како што ни секој удар е насилство. Понекогаш тоа е последната, најјасна лекција по етика.

Во грчката митологија, Персеј ја победува Медуза не затоа што е најсилен, туку затоа што не ја гледа директно. Знае дека оној што ќе се загледа во чудовиштето ќе се скамени. Денешните „бардови“ на македонското новинарство, пак, со задоволство се загледуваат во сопствениот одраз. И не забележуваат дека одамна се скамениле.

Се самопрогласуваат за мерка на вредност, за арбитри на вистината, за последна инстанца на јавниот разум. А всушност, стануваат симбол на се она од што професијата требаше да не штити, од ароганција, агресивен говор, деградација на другиот.

Новинарството не умира затоа што нема факти. Умира затоа што има премногу его.

Ретко кој ќе го признае сопствениот дел од вината. А можноста постои секој ден, да се преземе одговорност, да се застане зад професијата, да се одбере тешкиот пат. Наместо тоа, новинарството се почесто се консумира како забава, како лесна форма без последици. И прашањето што останува не е колку паднал еден новинар, туку колку длабоко може да падне уредникот. Токму таму се мери квалитетот на медиумите и вредноста на информациите што и се нудат на јавноста.

Пред вас поминува река од глупост и ароганција, а вие не само што не мрднувате – туку и аплаудирате, ако тече во ваша корист. И еден ден, кога ќе се прашате што направив јас корисно во овој занает, одговорот ќе биде краток.

Ништо.

Ништо, затоа што ја претворивте уредничката позиција во приватен ров.
Ништо, затоа што јавниот простор го третиравте како бојно поле.
Ништо, затоа што етиката ја заменивте со самобендисаност.

Ова не е слобода на изразување во служба на јавноста.
Ова е злоупотреба на новинарството за лична пресметка.

И токму затоа, ова не е напад врз новинарството.
Ова е Мејдеј повик.

Ако не се чуе – ентропијата ќе си ја заврши работата.

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.