Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ентропија: Расчленета Европа

0
By Zoran Ivanov on December 8, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 8, 2025 23:54

Денес имаме морална и политичка обврска да реагираме трезвено. Македонија не смее да дозволи повторно да биде периферијата на туѓите стравови. Ако сакаме да бидеме дел од Европа, мора да бидеме дел од нејзината визија, не од нејзините фрустрации.

Жанета Ќосе

Каде исчезна визијата на Жан Моне ? Човекот кој еднаш замисли дека Европа може да биде единство на различности, континент што ја надминува својата историја на војни и ги претвора раните во политичка мудрост, сигурно не можел да претпостави дека денешната Европска унија ќе се однесува кон мигрантите како кон товар што мора да се префрли на туѓи раменици. Се чини како да живееме во време на политичка ентропија, вредностите се распаѓаат, стравовите се множат, а интеграцијата се претвора во одбивање.

Европските држави неодамна го одобрија најрадикалното заострување на миграциската политика во последната деценија. Наместо процесирање на азил на своја територија, се повеќе влади се одлучуваат за испраќање на мигрантите во таканаречени „безбедни трети земји“, какви што се Албанија, Косово и Северна Македонија. На хартија, тоа звучни како „рационална“ стратегија во време на растечка политичка тензија. Всушност, ова е симптом на европската политичка патологија, стравот од „другиот“ станува клучна изборна валута, а бегалецот е најкорисниот непријател.

Во ваков контекст, изјавата на Виктор Орбан дека Унгарија „нема да прифаќа никакви мигранти, ниту ќе плаќа за мигрантите на други луѓе“ не звучи како изолиран протест. Напротив, тој ја артикулира новата европска нормативност – мигрантот е нешто што треба да се турне подалеку, колку што може подалеку, идеално на надворешните рабови на континентот. Апсурдно е што истиот тој Орбан, кој јасно не сака да види ниту еден мигрант на територија на ЕУ, во македонскиот политички контекст се претставува како „сојузник“ и „поддржувач“ на македонските владејачки структури. Неговиот реален став е едноставен – мигрантите, но и проблемите поврзани со нив, треба да останат некаде на Балканот, само не во ЕУ.

Во исто време, Европа се соочува со вознемирувачки подем на неонацизам и крајна десница. Од графити со усташки и нацистички симболи во хрватските градови, до 3D-печатени пушки подготвени за терористички напади во Велика Британија; од даркнет-платформи што повикуваат на атентати врз германски политичари, до шведски парламентарци кои се откриваат дека чуваат нацистички артефакти во своите домови; од неофашистички групи кои во Италија напаѓаат синдикати, до ревизионистички обиди да се ублажи карактерот на историските злосторства. Тоа не се само изолирани инциденти, тоа е духовното подземје на Европа што повторно излегува на површина.

Паралелно со овие радикални појави, европското општество се префрла во заштитна позиција, не само од економски и безбедносни закани, туку и од оној неидентификуван страв кој ја гуши секоја етичка обврска кон најранливите. Мигрантите стануваат перфектно огледало во кое Европа го гледа сопствениот страв, а потоа тоа огледало го испраќа надвор, подалеку, кон Балканот.

Тоа логично влијае и врз македонската јавност. Во земја во која траумата од деведесеттите сè уште не е историска архива, туку жива меморија, стравот од „туѓи конфликти“, „туѓи религии“ и „туѓи бегалци“ многу лесно се реактивира. И кога Европа сама покажува дека бегалецот е непожелен, како да убедиш еден обичен граѓанин дека Македонија треба да биде хумана, солидарна и европска ? Едноставно е – не можеш. Затоа што примерот доаѓа од Европа, а пораката е јасна, хуманоста е луксуз, а стравот е политичка стратегија.

Тука се отвора најопасната дилема – дали ЕУ со својата миграциска политика несвесно ја зголемува веројатноста за нови социјални тензии на Балканот ? Или можеби уште пострашно, дали тоа воопшто не е тема што Европејците ја земаат предвид ? Историјата веќе не научи дека Балканот лесно се запалува кога надворешните сили поттикнуваат демографски и идентитетски паники. Ако Европа сега го претвори регионот во миграциски тампон-зонe, ризикот повторно да се разбудат стари стравови станува премногу реален.

Но токму затоа денес имаме морална и политичка обврска да реагираме трезвено. Македонија не смее да дозволи повторно да биде периферијата на туѓите стравови. Ако сакаме да бидеме дел од Европа, мора да бидеме дел од нејзината визија, не од нејзините фрустрации. Прогресивните политики што ја отворија земјата кон добрососедство и европска интеграција покажаа дека можеме да го фатиме забрзаниот воз на историјата. Во една година се надминаа штети создадени во цела деценија. Патот конечно се отвори.

Прашањето е дали ќе дозволиме тој воз да замине без нас. Зашто ако не се вклучиме во Европа како рамноправни, ќе останеме како складиште за нејзините проблеми. Европа денес се бори со сопствената ентропија, со распадот на вредности, со стравот од различноста, со враќањето на сенките на екстремизмот. Но нашата задача не е да ја впиеме таа ентропија, туку да се осигуриме дека ќе влеземе во Европа со достоинство и со јасна визија. Во спротивно, ќе станеме само периферна сцена на туѓи политики, туѓи стравови и туѓи проекции.

Се чини дека визијата на Жан Моне за Европа како заедница на различности е загрозена, додека неофашизмот повторно се повампирува, а ксенофобијата се шири како зло што по којзнае кој пат го разорува ткивото на континентот. А Македонија стои пред избор дали ќе застане на страната на европската солидарност и прогрес, или ќе се потпише под растечката европска мрачнот.

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.