Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ентропија / Тишината на моќта – како политичката власт ја уништува јавната сфера

0
By Zoran Ivanov on December 15, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 15, 2025 23:30

Хабермас одамна предупреди дека кога јавната сфера ќе биде колонизирана од политичката и економската моќ, демократијата почнува да се распаѓа одвнатре. Токму тоа го живееме. Јавниот простор повеќе не е место на рационална размена на аргументи, туку бојно поле на спинови, нарачки и медиумски егзекуции. Државата не настапува како гарант на плурализмот, туку како негов активен разградувач.

Жанета Ќосе

Во демократските општества заедничката информативна средина не е луксуз, туку основа. Таа е просторот во кој граѓаните не само што примаат информации, туку и ги тестираат, ги споредуваат и ги претвораат во ставови. Јирген Хабермас ова го нарече јавна сфера, место на рационална дебата, каде различни гласови се судираат, а не се замолчуваат. Без таква сфера, демократијата се претвора во форма без содржина.

Токму затоа слободата на изразување и медиумскиот плурализам не се апстрактни вредности, туку предуслови за легитимна власт. Тие се кислородот на демократскиот систем. Кога се гушат медиумите, не се гуши само новинарството, се гуши правото на граѓаните да знаат, да проценуваат и да одлучуваат. Секој удар врз медиумите е директен удар врз јавноста.

Во Европа, барем на нормативно и институционално ниво, ова одамна е разбрано. Европската Унија последните години не само што декларативно зборува за слобода на медиумите, туку методично и без илузии ја уредува. Со законодавни акти и регулаторни механизми се јакне транспарентноста, се штити уредувачката независност, се ограничува политичкото и економското влијание врз медиумите и се воведува одговорност за дигиталните платформи кои што денес ја контролираат видливоста на јавниот дискурс.

Европскиот пристап е суштински јасен и политички храбар, медиумскиот простор не смее да биде оставен на стихија, ниту на волјата на најмоќните. Плурализмот не се подразбира, туку се обезбедува. Затоа се поставуваат правила за сопственоста на медиумите, за распределбата на државното рекламирање, за независноста и финансирањето на јавните сервиси и за заштитата на новинарите од политички и економски притисоци. Во дигиталната сфера, пак, се воведува принципот дека платформите не смеат да манипулираат со довербата на корисниците, да ја замаглуваат транспарентноста или да ја поткопуваат јавната дебата во име на профит или идеологија.

Неодамнешната висока санкција против една од најмоќните социјални мрежи во светот не е техничка регулаторна мерка, туку политичка порака. Порака дека слободата на говор не значи слобода за измама, манипулација и монопол врз вистината. Дека јавниот интерес е над бизнис моделите и над егото на технолошките олигарси. И дека државата, кога е демократска и самоуверена, има обврска да интервенира кога јавната сфера е загрозена.

Истата логика ја гледаме и во подготовките за воведување дигитално евро. И таму, ЕУ не бега од регулација, туку ја прифаќа како нужност. Дигитализацијата не се третира како судбина, туку како политички процес што мора да биде ставен во служба на граѓаните. Приватноста, довербата и безбедноста се заштитуваат како јавни вредности, а не како пречка за технократска „ефикасност“.

И сега – да се вратиме дома.

Северна Македонија, барем на хартија, ги прифаќа истите вредности. Во Уставот, во законите, во европските агенди, слободата на изразување и медиумскиот плурализам се прогласени за темелни. Но во реалноста, јавната сфера кај нас се повеќе наликува на ентропичен простор, хаотичен, бучен, загаден со пропаганда и истовремено застрашувачки празен од вистинска дебата. И се разбира, се е иреверзибилно.

И додека ЕУ создава механизми за заштита на медиумите, кај нас гледаме медиумски слуги наместо чувари на јавниот интерес. Гледаме координирани кампањи, копи пејст портали, насловни страници што личат на партиски билтени и прес конференции кои не информираат, туку навредуваат. Наместо плурализам имаме оркестрирани ехо комори. Наместо дебата, линч. Наместо критичка јавност – дефокусирана маса.

Нападот врз новинари среде емитување во живо не е изолиран инцидент, ниту „несреќен случај“. Тој е симптом. Симптом на политичка култура во која критиката се доживува како непријателство, а новинарството како закана по власта. Симптом на систем што толерира, охрабрува и нормализира говор на омраза, таргетирање и делегитимација на медиумите што не се под контрола.

Декларативните осуди од политичарите од власта не ја менуваат суштината. Затоа што проблемот не е во поединечниот напаѓач, туку во атмосферата што ја создава власта. Атмосфера во која новинарите работат под притисок, под сомнеж и под постојана закана – физичка, правна или економска. Атмосфера во која институциите реагираат ад хок, а не системски.

Хабермас одамна предупреди дека кога јавната сфера ќе биде колонизирана од политичката и економската моќ, демократијата почнува да се распаѓа одвнатре. Токму тоа го живееме. Јавниот простор повеќе не е место на рационална размена на аргументи, туку бојно поле на спинови, нарачки и медиумски егзекуции. Државата не настапува како гарант на плурализмот, туку како негов активен разградувач.

Разликата меѓу Европската Унија и Северна Македонија денес не е во декларациите, туку во храброста да се спроведат. Таму, слободата на медиумите се брани преку институции, правила и санкции. Кај нас, таа се „брани“ со соопштенија по инцидент, додека системот што ги произведува тие инциденти останува недопрен, па дури и награден.

Затоа заклучокот е неизбежен и болен – додека Европската Унија оди кон се подлабоко уредување и заштита на јавниот и дигиталниот простор, оваа власт ја врати Северна Македонија светлосни години назад. Не поради недостиг на закони, туку поради отсуство на демократска свест и политичка волја.

А демократијата не умира одеднаш. Таа прво ја губи јавната сфера. Потоа го губи гласот. И на крај останува само тишина. Ентропија.

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.